ДВЕГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.02.2009

Во периодот 2009 – 2011 година ќе се одржат повеќе циклуси активности за социјалната положба на младите генерации. Проектот заеднички ќе го водат ССМ, Балканската Фондација за деца и млади и Универзитетот во Љубљана...

 

Сојузот на синдикатите на Македонија во партнерство со Балканската фондација за деца и млади и Универзитетот од Љубљана во периодот 2009-2011 година ќе го имплементираат Проектот “Отворен дијалог за социјално вклучување преку вработување на млади и работничките права во Македонија“ поддржан од Директоријатот за вработување, социјални работи и еднакви можности на Европската комисија

 

П Р О Е К Т

2009-2011

“Отворен дијалог за социјално вклучување преку вработување на млади и работнички права во Македонија,“

Невработеноста на младите (од 15 - 24 години) е клучно прашање за Европа: таа изнесува 17,4 отсто. Ова е трошење на човечкиот капитал. Во последните 25 години не е постигнат вистински напредок во намалувањето на невработеноста и покрај општото покачување во нивото на образование. Со тековниот економски напредок со проценети 7 милиони лица плус кои оние кои се движат кон вработување во периодот од Лисабонскиот циклус за 2005-2008 година, перформансите на пазарот на трудот продолжуваат да се развиваат не многу позитивно за младите луѓе.

На младите луѓе потребни им се можности за вработување, но бидејќи имаат многу малку начини за да ги покажат своите способности, тие страдаат од недобивање работи. Тие со особено погодени од дуализмот на трудовиот пазар. Тие можат да бидат фатени во стапица со сиромашни услови или очекувања: според некои извори на ЕУ, на пример, 4 од 10 се моментално вработени на одредено време, околу четвртина работа со неповолно работно време и дури повеќето имаат ниско платени работи. Таквото вработување може да служи како отскочна штица, помагајќи им на младите луѓе да создадат забележани вработувања, но за некои од нив тоа може да доведе до круг на перманентни ниско квалитетни работи.

Ситуацијата е дури полоша во земјите членки за влез во ЕУ, како што е Македонија. Кај младината, особено кај младите жени, невработеноста во Македонија е највисока на Балканот. Според податоците од 2003 година, околу 3 отсто од невработените биле млади луѓе на возраст меѓу 15-24 години. Во 2001 година само 32 отсто од македонските жени со активна работна возраст биле вработени, во споредба со 51 отсто од просекот во ЕУ. Околу 60 отсто од младите луѓе барале работа речиси четири години. Во релација со вработеноста, учеството на мажи на пазарот на трудот е околу 73 отсто, додека учеството на жени е околу 49 отсто и се зголемува многу малку.

Партнерството меѓу Сојузот на синдикатите на Македонија, Балканска фондација за деца и млади и Универзитетот во Љубљана е подржано од Директоријатот за вработување, социјални работи и еднакви можности на Европската Комисија. Партнерството ќе настојува да ја промовира и да ја засили трилатералната комуникација меѓу различните сектори. Холистичкиот пристап за справување со проблемите е значаен и овој проект цели кон водење на проблемите и луѓето напред и кон создавање на соодветни алатки и формати за заедничка соработка.

Со проектот е планирано создавање на погодна клима за отворен дијалог меѓу различни сектори во Македонија за темите како социјално вклучување, сиромаштија, работнички права на младите луѓе и вработеноста генерално. Преку проектот “Отворен дијалог за социјално вклучување на млади и работнички права во Македонија,“ Балканската Фондација за деца и млади направи да се врши влијание на постоечката ситуација и на знаењето преку специфични цели со развиена стратегија за активностите:

  • да се поканат сите релевантни акционери во Македонија за дијалогот на социјално вклучување и кохезија, прашања за вработувањето на младите и економското засилување
  • размена на знаењето со партнерите и експертите од Словенија и со тоа додавајќи јасна европска димензија на проектот
  • организирање на различни јавни настани - дебати, форуми, панели, конференции и мобилизација на релевантните акционери за процесот и дијалогот
  • поддршка и промоција на основањето на синдикални младински организации во Македонија
  • градење на мрежни капацитети на синдикатите и младите со организација на семинари, конференции и форуми
  • организација на размена на искуства со партнерите од Словенија за претставници на синдикатите и младите луѓе кои работат активно на економските прашања и прашањата за вработување на младите
  • промовирање на Отворен метод на координација со вклучување на различни фактори во општеството во дебата - Влада (локална и национална), бизнис секторот, невладините организации и синдикатите
  • подигнување на општата свест за големото влијание на општата економија во земјата.

Партнерите ќе обрнат внимание за време на имплементацијата на активностите и ќе се обидат да ги покријат активностите од страна на медиумите. Како што важните акционери и креатори на одлуки ќе бидат презентирани на секој настан и ќе земат учество во главните дискусии, тие ќе бидат креатори на промените кои ќе настанат кога проектот ќе заврши, партнерите ќе работат на промовирање на проектот преку брошура за секој настан кои ќе бидат дистрибуирани на секого со давање на шанса на младите да дојдат и да ги искажат своите ставови за предностите и негативностите на трудовиот пазар. Еден од партнерите на проектот е Сојузот на синдикатите на Македонија, кој има големо влијание во македонското општество кога станува збор за заштита на работниците и преговорите со Владата. Сојузот на синдикатите на Македонија е активен на локално, национално и европско ниво како набљудувач на Европската конфедерација на Синдикати.

Европската димензија на овој проект е во фактот дека Македонија како земја членка за влез во ЕУ треба да помине низ процес на дијалог, координација и дебата за различните прашања и креаторите на одлуки се свесни за таа потреба. Овој проект предлага отворена комуникација за темите на социјално вклучување, сиромаштија и слично и придонесува за целосните политички приоритети на земјата. Додадена вредност на овој проект е фактот дека ќе бидат вклучени словенечките партнери и ќе придонесат со нивното знаење експертиза и искуство на целиот процес. Словенија е членка на ЕУ и има ЕУ искуство, но исто така е земја која има дел од историјата и заедничките вредности со Македонија и искуството кое ќе доаѓа од таму ќе биде релевантно за Македонија. Исто така, она што е значајно е тоа што Словенија има развиени и функционални синдикати и ова искуство ќе биде реплицирано во Македонија.

Во периодот од 2009-2011, Сојузот на синдикатите на Македонија, заедно со нејзините партнери има намера да ја подигне свеста преку нејзините активности:

Јавни панели - дебати:

  • Социјално вклучување и сиромаштија
  • Социјално вклучување и вработување на млади
  • Економија и сушење на мозок
  • Социјално и економско претприемништво на младите
  • Достојна работа
  • Пол и вработување

Семинари:

  • Улогата на синдикатите во намалувањето на сиромаштијата
  • Социјално вклучување на младината на малцинствата
  • Вклучување на младите во пазарот на трудот
  • Чесна работа
  • Вклучување и неспособност
  • Пол и вработување

Тркалезни маси:

  • работнички права и млади работници
  • економско зајакнување на младите

Студиски посети:

Планирано да се организираат две посети за македонскиот партнер во Словенија. Посетите се наменети за младите луѓе од синдикатите во Македонија, експерти и практиканти од областа на социјално вклучување, економски развој и труд на млади. Тие ќе имаат можност да ги посетат релевантните академски, владини и невладини тела кои се справуваат со овие прашања и да добијат нови идеи и знаења кои ќе ги понесат дома.

Публикации:

Партнерите ќе работат на издавање на:

Прирачник помагало - збир на најдобрите практики од областа на социјалното вклучување, идеи и трикови за тоа како да се справиме со проблемите.

Истражувачка книга - ќе содржи поакадемски и истражувачки изглед за прашањата за социјалното вклучување, сиромаштијата, вработувањето и слично. Авторите на овие изданија ќе бидат експерти од Македонија и Словенија, како и од други делови на ЕУ, Европски институции и од регионот на југоисточна Европа.

Проектот е финансиран од: DG EMPLOYMENT, SOCIAL AFFAIRS AND EQUAL OPPORTUNITIES

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc