ДВАЕСЕТТА СИНДИКАЛНА ШКОЛА НА УПОЗ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

19.02.2009

Наредните три дена во Струмица се одржува Дваесеттата синдикална школа на Синдикатот од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани. Темите на предавањата се синдикатот и правната заштита за отказите, статусот на државните службеници и Законот за работни односи...

 

Од 19 до 21 февруари во хотелот “Цар Самуил“ во Струмица се одржува Дваесеттата синдикална школа на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ).

Според програмата на школата ќе се одржат три предавања, кои се однесуваат на улогата на Синдикатот околу неколку актуелни општествени состојби. “Правото на правна заштита поради престанок на работниот однос и улогата на синдикатот“ е првата тема, за која предавач е доктор Осман Кадриу, професор на ФОН Универзитетот во Скопје.

Борис Плеша, претседател на Синдикатот на државните и локалните службеници на Хрватска вториот ден ќе настапи со предавање на тема “Статусот на државните и другите службеници во Хрватска - законска регулатива, права од колективните договори и социјален дијалог“.

Магистер Лазар Јовевски, асистент на Правиот факултет “Јустинијан Први“ на 21 февруари ќе говори на тема “Измените во Законот за работни односи во делот на синдикалното организирање и односот на синдикатот и политичките партии“.

Предавањата предвидуваат активно учество на слушателите, кои можат да поставуваат прашања, да ги изнесат своите мислења и да учествуваат во дискусиите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc