ДА СЕ УТВРДИ ШТО ТОЧНО ЌЕ СОДРЖИ ПОИМОТ ПЛАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

29.10.2008

ССМ смета дека поради многуте недоречености и нејаснотии не треба да се брза со Предлог – законот за придонеси. Не се знае дали работодавачот ќе има законска обврска да исплаќа хранарина...

 

Хранарината и превозот мора да бидат облигаторна обврска, што значи секој работодавач да мора да ги исплаќа на вработените. Сега не може да се утврди дали ќе влезат во бруто – платата, ни дали работодавачот воопшто ќе има законска обврска да ги исплатува.

Ова е само дел од фактите изнесени на денешната конференција за печат во ССМ, за Предлог – законот за придонеси за задолжително социјално осигурување. Лилјана Јанкуловска, раководител на Секторот за економски и социјални прашања на ССМ изјави дека не треба да се брза бидејќи предлогот на законот содржи многу нејаснотии и недоречености.

Владата го усвои Предлог – Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, кој на собраниска расправа текстот ќе оди на 4 ноември.

Поимот плата мора да биде децидно дефиниран, што не е случај со Предлог – законот. Од први јануари стартува системот на бруто – плати, што е нов пресметковен систем, но се на се има големи непознаници. Моментно постои само нето плата, од јануари почнува нов систем, додека законите не се меѓусебно усогласени.

Владата предлага износ од 3.200 денари за хранарина, што за ССМ е низок износ. Сега хранарината е утврдена во Законот за работни односи, во колективните договори и во договорите за вработување. Законот предвидува  хранарина во висина од 20 отсто од просечната плата, колективните договори 25 отсто, односно суми од 4.300 и 5.100 денари. Оние 3.200 денари не се во согласност ни со Одлуката на Уставниот суд. Да потсетиме дека во месец април Уставниот суд ги укина одредбите од Законот за извршување на буџет кои се однесуваа на висината на хранарината.

Нејасно е и тоа што ќе се се случува во приватниот сектор? Министерот за финансии зборува дека не можеме да му наложуваме на приватниот бизнис дали ќе дава хранарина и патарина. Не треба да се дозволи ситуација Владата, која е најголем работодавач во државата, да се грижи само за своите вработени, а вработените во приватниот сектор да ги препушти на волјата на газдите, рече Јанкуловска.

Исто така е потребно утврдување на минимална плата. Тоа е социјална категорија, која ја немаат утврдено седум – осум земји, меѓу кои е и Македонија.

Не е утврдена поделбата на придонесите за пензиско осигурување, односно не е кажано колку ќе се уплатува во првиот и колку во вториот пензиски столб.

Казните се посебно проблематични. Според законот работникот кој нема да го пријави неговиот газда дека не му ги платил придонесите ќе се казни од 500 до 1.000 евра. Каква логика е работник кој прима 7.000 денари да ја плати оваа казна?

Конечно, прашање е дали сме спремни како држава да преминеме на нов систем на пресметување на бруто - плати. Не се подготвени фондовите, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување и другите институции.

Јанкуловска информираше дека ССМ учествуваше на две расправи за Предлог – законот, една во Министерството за финансии, другата во Министерството за труд и социјална политика. Поднесовме повеќе забелешки, но на расправите не бевме информирани што точно се прифаќа, освен согласноста дека законот има големо значење и дека премногу брзо се донесува.

Пресметавме дека нема да има големи заштеди од намалувањето на придонесите. Нашите пресметки се совпаѓаат и со пресметките во Министерството. Ако заштедата е 8,6 отсто на плата од 12.000 денари доаѓаат плус 320 денари, настрана што нема гаранции дека тие пари ќе му се додадат на работникот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc