ДА СЕ ОБНОВИ СОЦИЈАЛНИОТ ДИЈАЛОГ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

29.09.2008

Денес средба на ССМ и вицепремиерот Боцевски

Раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и вицепремиерот Ивица Боцевски начелно се договорија да се обнови социјалниот дијалог. Најпрво треба да се разговора за Законот за работни односи, за што Советот на ССМ на 7 октомври одлучува дали ќе се оди со јавен протест. Владата треба да се изјасни до 6 октомври...

 

На денешната средба меѓу раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и вицепремиерот Ивица Боцевски е договорено Владата до 6 октомври да одговори на барањата на Синдикатот за измените во Законот за работни односи. Советот на ССМ, неговиот највисок орган, на 7 октомври треба да одлучи за понатамошни активности во врска со јавниот протест, така што судбината на протестот ќе зависи од одговорот на Владата.

Вицепремиерот Боцевски начелно ги прифати барањата на Сојузот на синдикатите. Претседателот на ССМ Ванчо Муратовски ги изнесе барањата – во врска со измените на Законот за работни односи, за кои Синдикатот смета дека се крајно неповолни за работниците. Понатаму, да се обнови социјалниот дијалог, односно соработката на Владата со ССМ како социјален партнер.

Ивица Боцевски изјави дека се потребни пошироки консултации меѓу социјалните партнери, со цел македонските закони да се усогласат со европското законодавство.

На средбата се разговараше и за Законот за судска служба. Претставниците на ССМ посочија дека проблемите со ниските плати и другите проблеми на судските службеници не се решија со овој закон, туку се влошија. Конкретен предлог е останатите 24 отсто од зголемувањето за следните две години да се исплатат веднаш, а другите прашања исто така да се решаваат со договор меѓу Владата и ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc