ГРУЕВСКИ СЕ ИЗЈАСНИ ДЕКА НЕМА РЕШЕНИЕ ЗА СТЕЧАЈЦИТЕ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

18.02.2009

Премиерот Никола Груевски на денешната, закажана средба со стечајните работници одговори дека решение за нив - нема. Работниците кои на студ три часа чекаа пред Владата ја примија со бес, огорченост и разочарување, но и решеност да продолжат со протестите...

 

Дали имате решение за овие работници?, му беше поставено рашање на премиерот Никола Груевски на денешната, претходно закажана средба. Решение за вас нема, кусо одговори премиерот, на што Драге Јовановски, раководител на Секторот за правна помош и овластен преговарач на стечајците демонстративно ја напуушти приосторијата.

Неколку илјади стечајни работници, кои скоро три часа на студ чекаа пред зградата на Владата, веста ја примија со огорченост и разочарување. Меѓутоа, видлива е нивната решеност да продолжат со протести и со притисок, се додека не се исполнат нивните барања. Ако можевме да спиеме во шатори пред Собранието година ипол, можеме да го правиме истото, изјавија тие.

Нивните барања се паричен надомест од по сто евра до ново вработување или до пензионирање. Целата сума за сите стечајни работници и работници прогласени за технолошки вишок е околу три милиони евра месечно, за кои тие се уверени дека Владата може лесно да ги обезбеди. Доволно е да скуси од рекламите и од шмизлите на плоштад и ете готово решение, рече Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата на стечајни работници.

На денешниот собир пред Владата пристигнаа неколку илјада работници од целата држава. Драге Јовановски информираше дека градоначалниците од Ресен, Битола, Прилеп и Гевгелија, ги спречиле работниците од нивните градови да дојдат на протестот во Скопје.

Решени сме да се обратиме до институциите на Европската Унија, најавуваат работниците. Со целата документација ќе одиме во Брисел, за оттаму да побараме помош, во смисол Европа да врши притисок на македонската влада.

Кај работниците пред Владата можеше да се насети извесен оптимизам дека премиерот можеби ќе го промени мислењето. Се раскажуваа десетици потресни приказни, лични драми, кои ја засилуваа атмосферата на краен револт и на оправданост на своите барања. Затоа разочарувањето и лутината, кога преговарачкиот тим излезе од кај премиерот, беа уште поголеми. Тое не ја прифаќаат оценката дека биле вработени во приватни претпријатија, како што Груевски досега се изјаснуваше. Сите претпријатија во кои работевме најпрво беа во општествена сопственост и затоа сега Владата е должна да интервенира.

За следната среда повторно се најавени протести.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc