ГРАДЕЖНИЦИТЕ НЕОШТЕТЕНИ ОД БРУТО ПЛАТАТА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

5.03.2009

Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање од почетокот на годинава водеше преговори во градежните претпријатија околу воведувањето на новиот систем на плати. Решенијата се различни, но работниците не се оштетени...

 

Со стартувањето на новиот пресметковен систем на бруто плати Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) ги посети сите поголеми градежни претпријатија, со цел вработените да не бидат оштетени. После два месеци активности  може да се констатира дека денес целта е извршена, односно не дојде до намалување на примањата на работниците, не информира Павел Трендафилов, претседател на СГИП.

Преговорите со стручните тимови во компаниите воглавно беа успешни поради обостраната согласност, на синдикатот и на управата, дека вработените не треба да бидат оштетени ни за еден денар. Благодарение на успешните преговори платите за јануари не беа пониски од платите за декември.

Решенијата се различни, затоа што секоја компанија посебно ги имаше уредено надоместоците за исхрана и превоз, вели Трендафилов. Претпријатијата со организирана исхрана и превоз продолжија да ги применуваат во јануари, и тоа на сметка на работодавачот. Во овие претпријатија истовремено СГИП водеше преговори за зголемување на платите, по основ на намалувањето на придонесите.

Во компаниите кои исплаќаа паричен надомест за храна и превоз износите се вградени во основната плата, и тоа најчесто со зголемување на бројот на бодовите за секое работно место. Во еден дел компании, кои исплатуваа еднаков износ за превоз, надоместокот исто така се вгради во основната плата. Други, пак, одлучија да воведат организиран превоз, секако на трошок на претпријатието.

На почетокот постоеја различни пристапи за новиот систем, а во некои средини дури имаше и расположенија хранарината и превозот да не се вградат во платите. Сепак преовлада разбирањето и сега можеме да констатираме дека вработените во градежната индустрија не изгубија ништо од нивните примања, информираат од СГИП.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc