ВО СРЕДА СВЕЧЕНОСТ ЗА ПРАЗНИКОТ НА ТРУДОТ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.04.2009

Меѓународниот празник на трудот, Први мај, ќе се одбележи со свечена седница во среда, на 29 април, во Сојузот на синдикатите на Македонија. Поканети се претставници на државното раководство, другите синдикални конфедерации, граѓански здруженија и невладини организации...

 

Во среда, на 29 април, во 12 часот, во Сојузот на Синдикатите на Македонија ќе се одржи свечена седница по повод Меѓународниот празник на трудот Први мај.

На свеченоста се поканети личности од државите институции, меѓу кои се Собранието, Владата, министерствата за труд и социјална политика, за правда, за финансии и за економија, потоа Стопанската комора и Сојузот на стопански комори, Организацијата на работодавачи, Мисијата на ЕУ во Македонија и Сојузот на пензионери. Исто така се поканети трите синдикални конфедерации, Унијата на независни и автономни синдикати (УНАСМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КССМ) и Конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ). Од граѓанскиот сектор се поканети здруженијата на стечајни работници, Македонското здружение за заштита при работа, Сојузот на организации на жени, Сојузот на инвалиди на трудот, Фондацијата “Фридрих Еберт“, УСАИД, Балканската фондација за деца и млади и други здруженија.

Претседателот на ССМ Ванчо Муратовски ќе одржи говор во кои ќе се зборува за економската состојба во која се наоѓа Македонија, одразот на светската финансиска криза и положбата на работниците во земјата, како и за барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc