ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ДЕНЕС ПОВТОРНО СО ИСТАТА ПРИКАЗНА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

4.03.2009

Тензиите меѓу стечајните работници растат откако денес вицепремиерот Зоран Ставрески им повтори дека Владата нема намера да го реши нивниот проблем. Тие најавуваат нов вид протести, со кои веројатно ќе има судири со полицијата...

 

Со свирежи, плукање и погрдни зборови упатени кон Владата стечајните работници ја поддржаа нивната делегација, откако им го соопшти резултатот од денешната средба со  вицепремиерот Зоран Ставрески. На полчасовната средба, од 14 до 14:30 часот, Ставрески им повтори дека Владата нема намера да го решава нивниот проблем.

Владата покажа дека нема капацитет да најде решение за состојбата на стечајните работници. Нема ни намера да води дијалог, зашто премиерот Груевски не најде време за нас, па го испрати неговиот заменик, изјави Драге Јовановски, овластен преговарач на Унијата на стечајните работници.

Забележливи се тензиите, разочараноста и револтот на масата насобрана пред зградата на Владата. Протест ќе има и идната среда, но најверојатно ќе одиме на радикализација на протестите, најави Лилјана Георгиевска, претседател на Унијата. Таа не прецизираше за каков вид протести се подготвуваат, но рече дека најверојатно ќе има судири со полицијата.

Над 37.000 стечајни работници и работници прогласени за технолошки вошок бараат месечен надомест од сто евра до постигнување на условот за пензија. Целиот износ е околу три милиони евра месечно, за што тие сметаат дека не се големо оптоварување за буџетот.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc