БРАН ПРОТЕСТИ НА ЕВРОПСКИТЕ СИНДИКАТИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

18.05.2009

 

Околу 30.000 синдикалци од 11 европски земји, организирани од ETUC, протестираа во Прага против слабата заштита на работниците од финансиската криза. Масовни демонстрации имаше во Берлин, Мадрид и Брисел, со барање за “социјален њу дил“...

Протести во Берлин и Прага

 

Околу 30.000 синдикалци од 11 европски земји на 16 мај во Прага, Чешка, рекоа “не“ на злоупотребите на финансискиот капитализам, чија политика води кон се поголема социјална неправда и нерамноправност. Демонстрантите повикаа на создавање нова социјална поделба, чии цели се социјална правда, солидарност и побројни и подобро платени работни места.

Истиот ден протест се одржа и во Берлин, каде неколку десетици илјади членови на германските синдикати исто така изразија незадоволство од односот кон работниците.

Двата протести се дел од големата акција на синдикатите, во чии рамки на 14 мај во Мадрид протестираа 50.000 лица и следниот ден 40.000 во Брисел. Протестите се одржуваат во рамките на кампањата против кризата, што ја организира Европската конфедерација на синдикатите (ETUC). Конфедерацијата претставува 82 синдикални организации од 36 европски земји и 12 секторски федерации.

Синдикалците бараат поефикасна заштита на работниците од глобалната економска криза. Тие оценуваат дека антикризните мерки на повеќе земји членки на ЕУ се во основа недоволни и погрешни. Синдикатите бараат итно донесување на “социјален њу дил“, со кој работниците би биле еднакво заштитени, како што се штитат банките.

Сакаме социјална политика и вработувања кои гарантираат сигурност, а не флексигурност. Таа политика е предуслов за социјална Европа, гласи пораката од Прага.

Според најновите прогнози на Европската комисија во 2009 и 2010 година во ЕУ ќе се загубат 8,5 милиони работни места. Во земјите на еврозоната, пак, стапката на невработеност ќе порасне од 9,9 на 11,5 отсто, додека најпогодени земји ќе бидат Шпанија (20,5 отсто) и Ирска (16 отсто).

Европската конфедерација најавува нови протести во Луксембург, Букурешт и Бирмингем.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc