ЉУБЕ БОШКОВСКИ: НИ ТРЕБА ПРЕТСЕДАТЕЛ КОЈ ОБЕДИНУВА

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

16.02.2009

Не правам разлика меѓу вработените и луѓето кои без своја вина останале без егзистенција, изјави на денешната средба со стечајците претседателскиот кандидат Љубе Бошковски. Доста е од глумење политичари, проблемите треба да ги решаваме веднаш и сега...

 

Претседателскиот кандидат Љубе Бошковски на денешната средба со Унијата на стечајни и технолошки вишок работници потпиша посебна Спогодба, со која ги прифаќа трите општи барања. Никогаш не сум правел разлика на граѓаните на земјата и сметам дека стечајците не треба да се третираат посебно од другите работници, истакна Бошковски.

Нашите политичари секогаш ја бараат вината во друг, но така не може да се владее долго време. Сметам дека претседателот треба да ја дели судбината со народот, рече Бошковски. Во поновата историја на Македонија јас сум прв и единствен независен кандидат и затоа не прифатив да бидам нечиј фикус, на кој ќе му се дотура по малку вода за да биде мирен. Во Македонија има многу типови кои глумат политичари, кои се прават загрижени, но народот не гледа ништо од овие претстави. Затоа мислам дека на оваа земја и е потребен претседател кој ќе обединува, а не таков што ќе ги дели граѓаните на разни групи.

Јас велам дека проблемите треба да се решаваат веднаш и сега. Како претседател нема да потпишам никаков указ кој ќе биде на штета на граѓаните и на работниците, додаде Бошковски. Конкретно, за стечајните работници сумата од 35 милиони евра државата може да ја издвои и за тоа прашање не треба да има дилеми.

Доста ни е од глумење, од ставање на проблемите под тепих, од разни рекламирања. Целта на државата е да влезе во НАТО и во Европската Унија, но државното раководство не прави ништо за  да ги подобри нашите позиции. Еднаш треба цврсто да застанеме и да ги решаваме проблемите на работниците. Според Уставот Македонија е социјална држава, додека претседателот има ингеренции да интервенира и на овој план, образложи Бошковски.

Мене длабоко ме интересира судбината на народот. Никој од луѓето кои сега се на раководни места и кои носат академски титули не може да ме убеди дека работниците треба да се делат на разни категории, како на вработени во јавен сектор, во приватни претпријатија или на стечајци.

Ги познавам проблемите на секое село во Македонија, исто колку за моето родно село Челопек. Се среќавам со работниците од сите индустриски гранки, при што длабок впечаток ми остава положбата на текстилните работнички, кои се буквално експлоатирани и искористувани. Ги знам проблемите на наставниците, на луѓето кои живеат од ситен семеен бизнис. Тука ги вклучувам и луѓето кои останале без егзистенција поради пропаѓање на претпријатијата и исто така за нив мора да се најде брзо и ефикасно решение.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc