ЈУБИЛЕЈНИТЕ НАГРАДИ ГИ РЕВОЛТИРААТ СУДСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

23.12.2008

Право на јубилејни награди имаат само судиите, додека судските службеници се изоставени. Синдикатот на работниците од управата реагира на неправедноста на постапката и предупредува на можен штрајк...

 

Во судството повторно деновиве повторно изби огорченост и незадоволство. Причина е сознанието дека јубилејните награди ќе им бидат исплатени само на судиите, додека другите категории вработени се изоставени.

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ) реагира за неправедноста и предупредува дека незадоволството може да доведе до штрајк.

УПОЗ испрати писма до министерот за здравство, претседателот на Врховниот суд и претседателот на Републичкиот судски совет, во кое ги изнесува своите ставови за создадениот проблем.

 

Писмото го објавуваме во целост:

“Согласно Законот за платите на судиите (член 14) судиите имаат право на јубилејни награди  за 10, 20 и 30 години.

При донесувањето на Законот за судска служба не се прифати барањето на Синдикатот на УПОЗ ова право да го добијат и судските службеници,

Нашето барање беше засновано на членот 113 став 2 од Законот за работни односи, во кој е предвидено дека работникот има право на јубилејни награди.

Сознанието дека само на судиите ќе им бидат исплатени јубилејни награди ги вознемири вработените и повторно соададе атмосфера на незадоволство и револт, како и подвоеност. Ваквата состојба може да предизвика и барање за организирање на штрајк.

Како Синдикат кој ги застапува интересите на вработените во правосудните органи ви се обраќаме со барање, согласно Законот за работни односи, ова прашање правно да го регулираме и сите вработени да имаат право на јубилејни награди.

Според нас ова прашање може да се реши со измена на Законот за судска служба или со потпишување на Колективниот договор за правосудните органи. Бидејќи постапката за измени на Законот за потпишување на колективниот договор временски ќе се оддолжи, нема да се постигне саканиот ефект.

Од овие причини предлагаме, доколку имате волја, заеднички да ги решиме ова чувствително прашање и да потпишеме Спогодба, согласно Конвенцијата 154 и Препораката 91 на Меѓународната организација на трудот. Според овие документи под колективен договор се подразбира секоја писмена спогодба која се однесува на условите на работа и вработувања склучени помеѓу, од една страна, работодавачот, и од друга страна репрезентативната организација на работниците (синдикатот).

Веруваме дека нашите аргументи и укажувања ќе ги прифатите и што е можно најбрзо ќе не известите за нашиот предлог, со цел истиот да го операционализираме.

Вработените во правосудните органи знаат дека се залагате за еднакви права на вработените и за почитување на законите. Затоа сметаме дека максимално ќе се заложите да го решиме ова прашање, со што практично ќе бидат решени сите проблеми во правосудните органи за подолг временски период.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc