ЈАВНИ ПРОТЕСТИ НА 7 И 14 НОЕМВРИ

Attention: open in a new window. PDFPrintE-mail
There are no translations available.

7.10.2008

Советот на Сојузот на синдикатите го одреди 7 ноември за одржување протести во градовите во внатрешноста. Една недела подоцна ќе се одржи централниот протест во Скопје...

 

Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната седница ги одреди датите за одржување на јавните протести. На 7 ноември во попладневните часови ќе се одржат протести во повеќе градови, и тоа во Струмица, Штип, Велес и Куманово. Охрид и Струга ќе одржат заеднички протест во Охрид, исто така и Прилеп и Битола, во еден од овие два града. Централниот јавен протест ќе се одржи на 14 ноември во Скопје.

Мотивите за одржување на овие јавни протести во прв ред се однесуваат на измените во Законот за работни односи, за кои ССМ укажува дека се поништување на многу работнички права.  Следните барања се: одредување најниска плата, Закон за пензионирање, со можности за пензионирање со стаж, не само со старост и Закон за стечајни работници. Петтото барање е Владата да превземе мерки за заштита од високите цени и да донесе програма за спречување на падот на животниот стандард.

ССМ најавува дека одземањето на правата на вработените не се завршени со измените донесени во месец август, туку дека Владата припрема нови измени со кои ќе се скусат уште права на работниците. Актуелните измени во Законот за работни односи негативно ги оценија Меѓународната организација на трудот и меѓународните синдикални организации.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc