БЕЗБЕДНОСТА ПРИ РАБОТА СЛАБО НАПРЕДУВА ВО МАКЕДОНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

29.04.2009

Иако е донесен нов Закон за безбедност и здравје при работа и почна да се разговара за Единствениот систем на евиденција на несреќите безбедноста и понатаму не го добива вистинското место во Македонија...

 

Секои 15 секунди во светот гине по еден работник, додека 115 добиваат тешки повреди. Во просек секој ден 5.500 лица гинат на нивните работни места, додека еден милион се повредени. И Македонија не е исклучок – минатата година имаше 62 смртни случаи и голем број тешко и лесно повредени, изјави Снежана Јанковска Петковска од Македонското здружение за заштита при работа на денешната тркалезна маса.

Насловена како “Безбедност и здравје при работа – практика и искуства“ тркалезната маса се одржува еден ден после 28 април, Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, кој вчера беше свечено одбележан на истото место, во хотелот “Континентал“ во Скопје.. Собирот е организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија и Фондацијата “Фридрих Еберт – канцеларија Скопје“, додека учествуваа претставници за безбедност од повеќе работни средини.

Прашањата за безбедноста на работните места во Македонија и понатаму се одвиваат доста бавно. После донесувањето на Законот за безбедност и здравје и претставувањето на Единствената евиденција за несреќи при работа (ЕСНР), која е комплементарна со европските стандарди, сепак проблематиката не го завзема вистинското место. Некои чекори се превземаат, но безбедноста и понатаму е воглавно запоставена област во Македонија.

Ова е дел од изјавата на Инда Савиќ од Сојузот на синдикатите на Македонија. Савиќ ги изнесе ставовите и барањата на Сојузот на синдикатите на Македонија. Безбедноста не е грижа само на работодавачите, туку и на работниците, затоа тие треба да бидат информирани и постојано да се едуцираат. Од страна на работодавачите има отпори кон назначувањето на претставници за безбедност, што доволно кажува за нивниот однос кон целата  проблематика.

ССМ е на мислење дека конечно треба да профункционира националниот Совет за безбедност и здравје. Од друга страна, Министерството за труд и социјална политика е покажа сериозна намера да предложи свои претставници за советот, туку тоа го стори само ССМ.

Владата носи програма за заштита, но таа програма има многу недостатоци. На пример, не е предвидено образование за претставниците. Во врска со ЕСНР се уште владее хаос. Во ССМ еднаш се обидовме да собереме податоци и произлезе дека четири институции имаат сосем различни евиденции, информираше Савиќ. Битно е прашањето за посебни колективни договори за безбедност и здравје. Понатаму мислиме дека сите вработени треба да се осигуруваат.

Значајно е прашањето на психичкиот притисок, или на мобингот. Во текот на месец мај ќе организираме трибина на која ќе претставиме пилот – анализа за мобингот во Македонија, која ќе биде прва од тој вид.

Борче Стојчевски ги објасни причините за бавното одвивање на внесувањето нови стандарди во безбедноста на работните места во Македонија. Треба да се знае дека безбедноста на работа не е бонус, туку право на вработените. Учесници во безбедноста се четири: државата, работодавачите, професионалците и вработените. Најодговорни се работодавачите, но голема улога имаат и другите учесници.

Во ниеден колективен договор не се вградени мерките за безбедност и здравје, односно не во соодветна мера, туку тоа се повеќе споменувања на законот.

Околу назначувањето на претставникот за безбедност и здравје во работните средини Стојчевски објасни дека постојат разлики. Не е добро ако претставникот го назначува работодавачот. Во одредена мерка истото важи и ако го назначува синдикатот, затоа што може да не бидат вклучени сите вработени. Најдобро е претставникот да го изберат сите вработени. Тој, пак, треба да биде човек познат на сите, комуникативен, претставителен, додека најважно од се е да има желба постојано да учи и да се надградува.

Обуката треба да биде постојана, но, за жал, и тука се среќаваме со индиферентен однос од страна на државата. Досега обука организира само Синдикатот.

Доктор Јованка Киринџиска Бислимовска зборуваше за здравствените аспекти на новата легислатива, додека доктор Сашо Столевски од Институтот за медицина на трудот ги објасни Правилникот за начинот на изготвување на изјавата за безбедност, содржината и податоците за проценка на ризик.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc