КАМПАЊАТА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА БЗР И ЕДУКАЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА СИНДИКАЛНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ССМ И МЗЗПР ПРОДОЛЖУВААТ СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО - КУМАНОВО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

29.2.2016

Слика 1. Отворање на работниот состанокотСлика 1. Отворање на работниот состанокот

Во Куманово на 29.2.2016 година пред претседателите на С.О., претставниците на инспекторатот  и локалната самоуправа претставниците на приватни претпријатија и граѓанските организации беше организиран работен состанок за БЗР.

На состанокот беа презентирани и целите на проектот. На оваа обука свое излагање имаа д-р Живко Митревски претседател на ССМ,   професорот од Универзитетот за Југоисточна Европа,  Агим Шаќири, координаторот на проектот Весна Ристовска и стручното лице по БР, Даниела Индова.

Посебна анализа на состојбата околу БЗР во Куманово презентираше секретарот на регионалното синдикално претставништво Миле Спасовски.

Слика 2. Учесници на работниот состанокотСлика 2. Учесници на работниот состанокот

На состанокот можеше да се заклучи дека применувањето на Законот за заштита при работа и неговите измени,  доколку се применува правилно, треба да донесе поголем бенефит и за работниците, но и за работодавачите.  Во овој регион, по спроведената анкета на регионалната канцеларија на Сојузот на синдикатите, подигната е свеста за безбедноста на работниците, а постојат и дел од фирмите кои целосно ги применуваат стандардите. Од друга страна, се запазува и потребата од вработување на соодветно образовани лица кои ќе ги применуваат потребните стандарди за заштита при работа. Потребна е дополнителна обука за синдикалните претставници/претставниците за БЗР. Во компаниите со над 50 вработени, синдикалниот претставник има право да го обиколи работниот простор, да разговара со работодавачот доколку постојат проблеми, да го извести инспекторот за труд за одредени недостатоци, да ја потпише изјавата за безбедност и здравје при работа, да даде свое мислење и да учествува во увид при проценката на работните места, односно дали работодавачот ги запазил сите мерки при проценување на ризик на работните места.

На крај од состанокот беа како генерален заклучок беше дека важноста на овој закон треба да се прошири и над компаниите кои имаат од 1 до 10 вработени во соодветен обем и потреба.

Иако податоците покажуваат дека бројот на повреди и несреќи при работа е намален, сепак секогаш има простор за дополнителни мерки со цел обезбедување на уште поголема заштита на работниците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc