ПОДОБРЕНА СОСТОЈБАТА СО БЗР ВО РАМКИТЕ НА РЕГИОНАЛНОТО СИНДИКАЛНО ПРЕСТАВНИШТВО КАВАДАРЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

4.3.2016

Слика 1. Д-р Живко Митревски на состанокотСлика 1. Д-р Живко Митревски на состанокот

Анализата на ССМ РСП Кавадарци изнесена на работниот состанок одржан на ден 4.3.2016 година во Кавадарци спроведена преку анкета во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Гевгелија  презентирана од секретарот на РСП Кавадарци, Стојко Мурџавалевски покажа дека по донесување на законот за БЗР драстично е подобрено.

Оваa констатација и презентација на искуства од присутните претседатели на синдикални организации претставници за безбедност и здравје при работа, претставници на менаџментот и на државниот трудов инспекторат беа презентирани и анализирани на овој состанок. ССМ во соработка со МЗЗПР реализира кампања за БЗР за имплементирање на законот во рамките на Проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право“.

Овој проект ќе трае 15 месеци, а ССМ се вклучува и продолжува со својата кампања за сигурни и безбедни работни места. За значењето од спроведувањето на Законските измени на Закот за БЗР и за подобрена законска позиција и на неговата контролна позиција на претставниците на синдикалната организација и а неговата контролна позиција зборуваше претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски.

Слика 2. Присутни на состанокотСлика 2. Присутни на состанокот

ССМ заедно со МЗЗПР на 4.3.2016 година  во Кавадарци пред претседателите на С.О., претставниците на општините и локалната самоуправа, претставниците на приватни претпријатија и граѓанските организации организираше работен состанок во склоп на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право“.

На состанокот беа презентирани целите на проектот и измените и дополните на Законот за БЗР.

На оваа обука свое излагање имаа д-р Живко Митревски, претседател на ССМ, Весна Ристовска, координатор на проектот и Даниела Индова, стручно лице за БР.

Посебна анализа на состојбата околу БЗР во регионот Кавадарци презентираше секретарот на регионалното синдикално претставништво, Стојко Мурџавалески.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc