СОСТАНОК ЗА БЗР ЗА ЧЛЕНОВИТЕ НА СИНДИКАТИТЕ ЗДРУЖЕНИ ВО ССМ ЗА РЕГИОНОТ ШТИП И ПРОБИШТИП
2.3.2016
Во организација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во рамките на проектот „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”, на 2.3.2016 година во Штип, пред претседателите на синдикалната организација од Штип и Пробиштип, државниот инспекторат на труд, работодавачите, граѓанските организации, претставници од Правениот факултет од Штип, организираа работен состанок
Тема на работниот состанок беше на Законот на БЗР со посебна посвета на позицијата и улогата на Синдикалниот претставник за безбедност и здравје при работа и претставникот на БЗР.
Во рамките на состанокот од секретарот на регионалното синдикално претставништво (РСП) од Штип, Ванчо Трајчевски, беше презентирана анализата на состојбата на терен, поврзана со БЗР во Штип и Пробиштип.
Состанокот беше искористен сите чинители во процесот да ја афирмираат позицијата и значењето на субјектите, координирано и во партнерските однос да ги спроведат обврските утврдени со Законот за БЗР а посебно практичната примена на измените на законот.
Свое посебно обраќање за значењето на БЗР и потребите од обуки, имаше и претседател на ССМ, д-р Живко Митревски, кој посебно го истакна значењето на овој закон.