ТРЕТ РАБОТЕН СОСТАНОК ПО ОДНОС НА ПРОЕКТОТ ЗА БЗР - БИТОЛА -

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

25.2.2016

25.02.2016 imggg1Слика 1. Отворање на работниот состанокот

На ден 25.2.2016 год. во Битола, Сојузот на Синдикатите на Македонија во соработка со Македонското здружение за заштита при работа, одржаа прес-конференција и работен состанок со социјалните партнери, граѓански организации, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители од регионот во состав на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”.

Пред почетокот на состанокот се одржа прес- конференција на која своја изјава даде Советникот на претседателот на ССМ за проекти и ЕУ интеграции, м-р Лидија Насковска, правниот застапник од РСП Битола, Љупчо Василевски и координаторот на проектот, Весна Ристовска.
„Во изминатата година од ССМ имаме податок од ДИТ кој говори дека имало 243 повреди на работни место, од кои 4 биле со смртни последици“ рече Лидија Насковска – советник на претседателот на синдикат за проекти.

„Вработување на стручни лица скоро во сите поголеми организации има. Најголема заштита имаат во две производствени компании во Битола и една помала текстилна фабрика во Ресен“ рече Љупчо Василевски – правен застапник во регионалното претставништво на ССМ.

Според неформалните извештаи на Македонското здружение за заштита при работа, ова се извештаи за 2015 година, регистрирани се 44 несреќни случаи, со смртни последици“ истакна Весна Ристевска – проект менаџер во Македонско здружение за заштита при работа.

Состанокот го отвори координаторот на проектот, Весна Ристовска, која ја презентираше целта на проектот со сите активности.

Понатаму следеше презентација на законот за БЗР со осврт на улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР од страна на Агим Шаќири, професор на Европскиот Штулов Универзитет.
 
Слика 2. Учесници на работниот состанокотСлика 2. Учесници на работниот состанокот

Презентирање на резултатите од истражувањето и анализата на прашалниците за улогата на синдикалниот претставник/претставникот на вработените за БЗР на локално ниво, проблеми и предизвици, имаше правениот застапник во регионалното претставништво на ССМ во Битола Љупчо Василевски

На крајот на состанокот можеше да се заклучи дека очекувањата од применувањето на Законот за заштита при работа и неговите измени,  доколку се применува правилно, треба да донесе поголем бенефит и за работниците, но и за работодавачите. Во битолскиот регион, по спроведената анкета на регионалната канцеларија на Сојузот на синдикатите, подигната е свеста за безбедноста на работниците, а постојат и дел од фирмите кои целосно ги применуваат стандардите. Од друга страна, се запазува и потребата од вработување на соодветно образовани лица кои ќе ги применуваат потребните стандарди за заштита при работа. Потребна е дополнителна обука за синдикалните претставници/ претставниците за БЗР. Во компаниите со над 50 вработени, синдикалниот претставник има право да го обиколи работниот простор, да разговара со работодавачот доколку постојат проблеми, да го извести инспекторот за труд за одредени недостатоци, да ја потпише изјавата за безбедност и здравје при работа, да даде свое мислење и да учествува во увид при проценката на работните места, односно дали работодавачот ги запазил сите мерки при проценување на ризик на работните места.

На крај од состанокот како генерален заклучок беше дека важноста на овој закон треба да се прошири и над компаниите кои имаат од 1 до 10 вработени во соодветен обем и потреба.

Иако податоците покажуваат дека бројот на повреди и несреќи при работа е намален, сепак секогаш има простор за дополнителни мерки со цел обезбедување на уште поголема заштита на работниците.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc