ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СИВАТА ЕКОНОМИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

24.2.2016

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на потпишувањето на меморандумотСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на потпишувањето на меморандумот

На 24ти февруари 2016 година во претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со претставници на  Организацијата на работодавачи на Македонија, Бизнис конфедерацијата на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Државниот инспекторат за труд, присуствуваше на потпишувањето на меморандумот за соработка во борат против непријавената работа

Цел на потпишувањето на овој меморандум е преку размена на информации и идеи во иднина да се справуваат со сивата економија и да ја подигнат свеста за придобивките од пријавената работа.

Според податоците кои беа презентирани по потпишувањето на меморандумот најчести области во кои има непријавени работници се земјоделство, градежништво, транспорт, хотели и ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и средни претпријатија.

Според статистиката која беше изнесена, мажите се со малку поголема веројатност да се вклучат во непријавената работа отколку жените, а најчесто вклучена е возрасната група од 15 до 30 години.

Во прегледот за природата на непријавената работа се наведени и категориите студенти и пензионери, сезонската работа, работата со неполно работно време или на определено време, како и исплатата на плата во плик.

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на настанотСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на настанот

„Од големо значење е вклученоста на сите социјални партнери во сузбивање на непријавената работа со која се соочуваат сите држави. Оваа исклучително негативна појава, има импликации во социјално економската состојба на сите кои се инволвирани во неа и во негативните фискални политики на државата“- посочи претседателот на ССМ, д-р Живко Митровски.
Анализата за големината и опфатот на непријавената работа изразена како процент од бруто домашниот производ, покажува дека непријавената работа во Македонија се движи меѓу 20 и 35 проценти. Во податоците од истражувањата за проектот е наведено дека 11 проценти од работоспособното население во Македонија е ангажирано во неформално вработување, како и дека 22,5 проценти од вкупниот број лица кои работат се дел од таквото вработување. Различните бројки, како што е наведено, честопати се конфузни и даваат погрешна слика.

Државниот инспекторат за труд, според презентираните податоци, во 2014 година извршил 28.215 инспекции и се евидентирани 427 непријавени работници. Поднесени се 385 барања за поведување прекршочна постапка и две кривични обвиненија. Инспекторатот имал 2.193 анонимни пријави и 2.193 во писмена форма.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc