АКТИВНОСТИ НА ССМ ЗА БЗР ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

11.2.2016

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес- конференцијатаСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски на прес- конференцијата

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во рамките на кампањата „За сигурни работни места“, која ја спроведуваше по повод 1-ви Мај „Ден на трудот“, заедно со гранските синдикати здружени во ССМ, реализираше Измени и дополнувања на Законот за безбедност и здравје при работа (БЗР).

ССМ во текот на годината реализира низа активности околу оваа кампања и спроведување на повеќе обуки низ регионалните синдикални претставништва (РСП) и синдикални канцеларии (СК).

Во таа насока, на 11.02.2016 година, во Сојузот на синдикатите на Македонија беше одржана прес- конференција по повод отпочнување на реализацијата на проектот: „Зајакнување на партнерствата на граѓанското општество и државните институции во креирање и унапредување на правото за безбедна и здрава работна средина - Основно човеково право”, кој ССМ ќе го реализира заедно со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР).

Цел на проектот ќе биде остварување на одредбите од Законот за БЗР и обврските кои ги имаат синдикалните претставници за БЗР.

На прес конференцијата претседателот на ССМ д-р Живко Митревски истакна дека истражувањата ќе бидат спроведени во 10 региони на територијата на Македонија: Струмица, Велес, Куманово, Битола, Штип, Кавадарци, Прилеп,Гостивар Охрид и Кичево, каде што ќе се овозможи обука на сите претседатели на синдикални организации и претставници за безбедност и здравје при работа, како би можеле полесно да го имплементираат овој закон. Во рамките на проектот ќе се обезбеди и заедничко присуство на граѓанските организации кои ќе бидат вклучени во делот на поттикнување на зајакнати мерки за безбедност при работа и заедно со работодавачите успешно ќе се реализира овој значаен проект. Исто така во рамките на овој проект планирани се повеќе обуки и вклучување на експерти за безбедност при работа.

Нашата идеја е комплетно да ги имплементираме измените на Законот за безбедност и здравје при работа кои се однесуваа на законската обврска работодавачот задолжително да побара мислење од претседателот на синдикалната организација при подготовка на изјавата за безбедност и здравје при работа, претседателот на синдикалната организација задолжително да учествува во анализа на недостатоците при утврдување на условите за безбедност и здравје при работа на работните места, работодавачот задолжително да го вклучи претседателот на синдикалната организација и претставникот за безбедност и здравје при работа при набавка на нова опрема или воведување на нова технологија на работните места, истакна претседателот Митревски.

Исто така, со формирање на Центарот за обука, ССМ заедно со гранските синдикати ќе овозможи непосредна можност сите работници да можат да посетат ваква обука и да добијат одредени сертификати.

Се надеваме дека со ваквите активности и ваквите мерки ќе придонесеме како синдикат да ја подобриме состојбата при обезбедување на безбедни услови при работа на нашите работници и доследно спроведување на Законот за БЗР, потенцираше претседателот Митревски.

Во изминатиот период од извештајот на Трудовиот инспекторат за 2015 година, имаше податок дека се пријавени над 243 повреди на работно место и 4 смртни случаи, што не се бројки за занемарување, па затоа, на овој начин се трудиме превентивно да делуваме и да обезбедиме максимална превенција и заштита при работа.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc