КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЛОКАЛНО ЕКОНОМСКО СОЦИЈАЛНИТЕ СОВЕТИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.1.2016

Слика 1. Претседателот на МПС,  Тихомир Климоски во улога на претседавач на конференцијатаСлика 1. Претседателот на МПС, Тихомир Климоски во улога на претседавач на конференцијата

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски присуствуваше на Конференција за локалните економско- социјални совети, на која домаќин беше УСАИД преку Проектот за стекнување вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС).

На конференцијата во улога на претседавач беше Претседателот на македонскиот полициски синдикат (МПС), Тихомир Климоски, кој воедно е и претседавач на Локално економскиот- социјален совет (ЛЕСС) на град Скопје.

На конференцијата се дискутираше за постигнувањата и предизвиците во функционирањето на ЛЕСС, како и за нивната важност како движечка сила при развивање ефикасни економско- социјални политики, генерирање нови работни места, како и при подобрување на локалните економии и улога на поддршка на локалните политики за вработување. Исто така присутните разговараа и за тоа што треба да се направи за да се обезбеди нивната долгорочна одржливост.

Поздравни обраќања имаа и амбасадорот на САД во Република Македонија, Неговата Екселенција г-н. Џес Бејли и министерот за труд и социјална политика Фросина Ташевска- Ременски.
Користејќи го Националниот економско- социјален совет (НЕСС) како модел, УСАИД заедно Сојузот на синдикатите на Македонија и со социјалните партнери помогна да се основаат ЛЕСС во Штип, Струмица, Битола, Гостивар, Тетово и во Град Скопје а УСАИД го подржува и веќе воспоставениот Економски совет на Прилеп. ЛЕСС се формирани и во Ресен. Свети Николе и Велес со поддршка на ЕУ/МОТ. Иако основањето на овие ЛЕСС беше потпомогнато со меѓународна поддршка, општините ќе бидат одговорни за нивното одржување.

Слика 2. Претседателот на ССМ, д-р Митревски на конференцијатаСлика 2. Претседателот на ССМ, д-р Митревски на конференцијата

Покрај претседателот на ССМ на конференцијата присуствуваа и претставници од НЕСС и ЛЕСС од општинските власти и социјалните партнери.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc