ОТВОРЕНА ПРВАТА БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

22.1.2016

Слика 1. Претседателот д-р Митревски на отворањето на првата биогасна централаСлика 1. Претседателот д-р Митревски на отворањето на првата биогасна централа

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, присуствуваше на отворањето и пуштање во употреба на првата биогасна централа на Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола во битолското село Новаци.

На пуштањето на употреба присуствуваа голем дел на дипломатскиот кор како и амбасадорот на САД во Република Македонија, Неговата Екселенција, г-н. Џес Бејли и претставници на бизнис секторот од Македонија.

Значајно е да се напомене дека во рамките на ова ново отворено претпријатие сите вработени се синдикално организирани.
 
Слика 2. Внатрешниот погон во централатаСлика 2. Внатрешниот погон во централата

Оваа централа има капацитет од 3 мегавати струја на час и современа фарма наменета за 2.000 крави. Вкупната  инвестиција е околу 20 милиони евра. Најголем дел од парите се обезбедени од самата компанија. Во централата ќе се преработува арското ѓубриво од фармата, со чија преработка ќе се добива био-гас.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc