ОТВОРЕНА ПРВАТА БИОГАСНА ЦЕНТРАЛА
22.1.2016
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, присуствуваше на отворањето и пуштање во употреба на првата биогасна централа на Земјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола во битолското село Новаци.
На пуштањето на употреба присуствуваа голем дел на дипломатскиот кор како и амбасадорот на САД во Република Македонија, Неговата Екселенција, г-н. Џес Бејли и претставници на бизнис секторот од Македонија.
Значајно е да се напомене дека во рамките на ова ново отворено претпријатие сите вработени се синдикално организирани.
Оваа централа има капацитет од 3 мегавати струја на час и современа фарма наменета за 2.000 крави. Вкупната инвестиција е околу 20 милиони евра. Најголем дел од парите се обезбедени од самата компанија. Во централата ќе се преработува арското ѓубриво од фармата, со чија преработка ќе се добива био-гас.