ОДРЖАН 7-ОТ КОНГРЕС НА СИНДИКАТОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ОД ТЕКСТИЛНАТА, КОЖАРСКАТА И ЧЕВЛАРСКАТА ИНДУСТРИЈА НА РМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

27.1.2016
 
Слика 1. 7ми Конгрес на СТКЧСлика 1. 7ми Конгрес на СТКЧ

На 27. 01 2016 година се одржа 7-от Конгрес на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ по мотото “Време е заедно да го оствариме правото на достоинствен труд”.
 
Слика 2. Работно претседателствоСлика 2. Работно претседателство

На Конгресот покрај другото беше донесен Статут, и Програма за дејствување на СТКЧ во периодот 2015-2020 година.

На конгресот беше избран и нов претседател на СТКЧ, Љупчо Радовски - АД Тетекс, Тетово долгогодишен синдикален активист во СТКЧ. Синдикатот и во натамошниот период ќе го продолжи својот демократски принцип на дејствување почитувајќи ги основните начела на креирање методи и активности за градење на поправедно општество, реализирање на уставната и законска позиција на социјално-економските интереси на работниците, нивните семејства и воопшто синдикатите во нашата држава.
 
Слика 3. Новоизбраниот претседател на СТКЧ, Љупчо РадовскиСлика 3. Новоизбраниот претседател на СТКЧ, Љупчо Радовски

СТКЧ во наредниот петгодишен период,своите програмски цели и задачи ќе ги насочи кон промоција, афирмација и заштита на економските и социјалните права и интереси на своето членство и ќе се залага за остварување на нивните права загарантирани со Уставот, законите, колективните договори и другите прописи. Покрај реализацијата на овие определби, ќе се настојува истите да се поврзат со  развојната стратегија насочена кон реализација на микро и макро план. Тоа ќе значи и создавање на предуслови за натамошна општествена афирамција на СТКЧ и зацврстување на негова реална позиција на  значаен социјален партнер во општеството и учесник во проектирањето на глобалните општествени односи.

Во таа насока, Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ во претстојниот период својата активност ќе ја насочи кон остварување на правата на работниците, доследно остварувајќи ја својата уставна, законска и статутарна позиција како самостојна, независна и интересна организација на работниците притоа унапредувајќи го организирањето и начинот на дејствување.

Активностите на СТКЧ посебно ќе бидат насочени на полето на економскиот  и социјалниот  развој; социјалниот дијалог и колективното договарање; заштитата на правата на работниците; меѓународната соработка и, секако, на градење на современ, мобилен и помногуброен  синдикат на кого работниците ќе му веруваат, имаат доверба и преку кого ќе ги остваруваат своите права. А правото на достоинствен труд е едно од основните права на секој вработен.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc