ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ ОСТВАРИ СРЕДБА СО НАЧАЛНИКОТ ГШ НА АРМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

5.11.2015
 
Слика 1. Претседателот, д-р Митревски на средбата со генералот ВеличковскиСлика 1. Претседателот, д-р Митревски на средбата со генералот Величковски

На 5-ти ноември 2015 година, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски оствари средба со началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник, Методија Величковски.

На средбата која е прва од ваков вид од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, се разговараше за можностите за соработката на ССМ и АРМ во однос на состојбата во остварување на општоприфатените стандарди и норми на меѓународното право во работничката сфера на припадниците на АРМ, како и за актуелни случувања во сферата на правата од работниот однос.

Голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови во Синдикатот на одбраната и безбедноста  кој е  составен дел  на организацијата на ССМ.

Слика 2. Средбата во АРМСлика 2. Средбата во АРМ

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc