ПОТПИШАН НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА ЖЕЛЕЗНИЦА - ИНФРАСТРУКТУРА
17.11.2015
Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура на 17.11.2015 година потпиша нов колективен договор за вработените во Македонска железница- инфраструктура.
На потпишувањето на Колективниот договор присуствуваше раководството на Македонска железница- инфраструктура, директорот на Македонска железница- инфраструктура Ирфан Асани, помошник директорот на секторот за човечки ресурси, Славица Поповска и помошник директорот за правни работи, Петар Спасовски, од страна на работодавачите, и претседателот на Синдикатот на работниците на сообраќај и врски на Р. Македонија (СРСВМ), а воедно и претседател на Синдикатот на железничарите на Македонија- инфраструктура, Методија Димески.
Во новиот Колективен договор се внесени одредби за правата на вработените, осигурувањето, платите, информирањето, синдикалното организирање, материјална одговорност и други прашања.
Претседателот на Синдикатот на железничари на Македонија – инфраструктура, Методија Димески, посветува големо внимание на правата на вработените, а во наредниот период во континуитет ќе работи и на унапредување на условите за работа, како предуслов за поголема мотивираност и ефикасност кон работните обврски и надлежности.