ССМ ГО ОДБЕЛЕЖA 7МИ ОКТОМВРИ, СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

7.10.2015

Слика 1. Прес конференција- Светски ден за пристојна работаСлика 1. Прес конференција- Светски ден за пристојна работа

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ) со прес-конференција и панел дебата на тема "Пристојна работа за сите" го одбележа 7 октомври „Светскиот ден на пристојната работа“.

На настанот покрај раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија присуствуваа и членовите на Секцијата на млади од ССМ, претседатели на гранските синдикати здружени во ССМ, претставник од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија ОРМ и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ), претставници од Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Р. Македонија, Стопанска комора на Северозападна Македонија, Македонско Здружение за заштита при работа (МЗЗПР), претставник од Меѓународната организација на трудот (МОТ) од канцеларија Скопје, претставници од други организации и новинари.

На прес-конференцијата претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски ја истакна идејата од каде произлегува концептот за пристојна работа, потенцираше дека синдикатот е определен да се бори за да се ценат вредностите на трудот, да се следи трендот на остварување и зголемување на работничките права согласно воспоставените стандарди признати во светот.

Слика 2. Претседателот д-р Живко Митревски на одбележувањето на денот за пристојна работаСлика 2. Претседателот д-р Живко Митревски на одбележувањето на денот за пристојна работа

Панел дебатата ја модерираше м-р Лидија Насковска, претседател на Секцијата на млади на ССМ. Главната цел на овој настан беше да се промовира значењето на Програмата за пристојна работа, со посебен акцент на младите, политиките, напорите и активностите на социјалните партнери МТСП, организациите на работодавачи и на Сојузот на синдикатите на Македонија во делот на пристојната работа. За настанот исто така беше изработен постер со овогоднешната тема за пристојна работа од кампањата на Светската конфедерација на синдикати (ИТУЦ)- Крај на корпоративната алчност како и флаер со податоци од светски рамки.

    На панел дебатата свое обраќање имаа и претставникот на МТСП, Младен Фрчковски кој истакна дека во последните година со усвојување на Националната програма за пристојна работа НППР, се изготви Национална програма за вработување како и Акциски план за вработување на млади, во кои во главен фокус на внимание е вработување на младите, што се покажа со низа на активни мерки и политики кои Владата на Р. Македонија ги донесе овој период.

Од организациите на работодавачи истакнаа дека за да се решат проблемите на работниците, државата треба да интервенира во зголемување на конкурентноста на домашните компании и поттикнување на технолошка ефикасност како би се отвориле нови работни места, а со тоа ќе се поттикне раст на животниот стандард. Да се обезбеди развој на претпријатијата, а со тоа да се елиминира и евтината работна сила, со што на младите ќе им се обезбеди пристојна работа.

Од страна на ССМ свое излагање на темата имаше г-ѓа Лиле Петрова во врска со импликацијата на Програмата за пристојна работа (2015-2018) врз младите од аспект на синдикатите.
 
Слика 3. Претставници на Секцијата на млади на ССМ на одбележувањето на денотСлика 3. Претставници на Секцијата на млади на ССМ на одбележувањето на денот

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc