РАБОТНА СРЕДБА НА ССМ И СГИП СО МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

18.9.2015
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и претседателот на Синдикатот на градежништво, индустрија и проектирање на РМ, (СГИП), Павел Трендафилов на 18.9.2015 одржаа работна средба со министерот за правда, Аднан Јашари. На средбата присуствуваа и претставници од Стопанската Комора на РМ.

Средбата беше посветена на разрешување на проблемите поврзани со неможност да се изврши соодветна наплата на побарувања кон јавни претпријатија и државни компании поради ограничувањата утврдени во законот за извршна постапка и дискреционото право на претседателите на судовите да утврдуваат лимити на извршување.

Од страна на претседателите на ССМ и СГИП беше укажано дека ваквите проблеми може да придонесат кон нарушување на нормалното функционирање на компаниите, кои пак од своја страна може да предизвикаат отпуштања на вработените. Ваквите тези од аспект на бизнис заедницата беа потврдени и од претставниците на стопанската комора.

Констатираните проблеми беа потврдени од министерот Јашари кој укажа дека во смисла на разрешување на истите, поведена е постапка за измени и дополнувања на соодветната регулатива за која што навремена консултација ќе биде направена и со синдикатите и бизнис заедницата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc