ОДРЖАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ССМ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

9.9.2015
На ден 9.9.2015 година се одржа првата конститутивна седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), на којашто беа верификувани мандатите на членовите на Советот на ССМ, а беше комплетирано и раководството на ССМ.

Покрај информацијата за правната заштита за првите шест месеци од 2015 година/ првата половина од 2015 година, беше извршен и избор на секретар на ССМ, на местото на досегашниот Секретарот на ССМ на кој му истече мандатот, Анѓелко Анѓелковски.

За нов секретар на советот на ССМ е избран Дарко Димовски, кој воедно е и претседател на Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комунално стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на Р. Македонија.

Слика 1. Прва конститутивна седница на Советот на ССМ, обраќање на поранешниот секретар на ССМ, Анѓелко АнѓелковскиСлика 1. Прва конститутивна седница на Советот на ССМ, обраќање на поранешниот секретар на ССМ, Анѓелко Анѓелковски

Во своето обраќање поранешниот секретар Анѓелко Анѓелковски се заблагодари за досегашната соработка и упати порака до сите органи и тела на ССМ да се грижат за единството на ССМ и опстојувањето на организацијата.

На седницата на Советот на ССМ беа реизбрани и потпретседателите на ССМ:

  • Потпретседател за приватен сектор – Претседателот на СГИП – Павел Трендафилов
  • Потпретседател за јавен сектор – Претседателот на МПС – Тихомир Климоски
  • Потпретседател за колективно преговарање и договарање и економски прашања  – Претседателот на АГРО – Живко Даневски
  • Потпретседател за организациски развој – Претседателот на СПТРМ  – Јордан Сандев

Претседателот на ССМ заблагодарувајќи се на поранешните носители на функции и обраќајќи се до новите избрани членови на Советот на ССМ, секретарот  и потпретседателите, укажа на значењето на ССМ како генератор на синдикалното движење и чувар на работно правната положба на работниците. Претседателот исто така ја потенцираше потребата од зајакнување на единството, солидарноста и понатамошно враќање на довербата и особено мобилизирањето на ново членство како предуслов за јакнење на позицијата и моќноста на синдикатите.
 
Слика 2. Ново избраниот секретар на ССМ, Дарко ДимовскиСлика 2. Ново избраниот секретар на ССМ, Дарко Димовски

На седницата од страна на членовите на Советот на ССМ беше побарано поактивно присуство на претседателите на некои грански синдикати во работата на советот за што беше донесен и посебен заклучок.

Во продолжение е остварената бесплатна правна заштита на синдикалното членство во  Сојузот на синдикатите  на Македонија во периодот јануари - јуни 2015  година:

Во текот на првата половина од 2015 година во Сојузот на синдикатите на Македонија се евидентирани  1110  обраќања за заштита на правата од работен однос кои се однесуваат на различни правни  основи.

Бројот на обраќањата  е намален за 425 споредено со истиот период минатата година кога се  евидентирани  1535  обраќања.
   
Најголем број на обраќања во периодот јануари – јуни 2015 година  се  од:

  • СИЕР Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ –298
  • АГРО Синдикатот на работниците од АГРО индустрискиот комплекс на РМ – 274

За разлика од минатата година кога бројот на обраќања од АГРО синдикатот беше најголем , а потоа следуваа обраќањата од СИЕР.

Потоа следуваат обраќањата од

  • СУТКОЗ Синдикатот на работниците од угостителство, туризам, комуналното-   станбено стопанство, занаетчиство и заштитни друштва на РМ- 149
  • СТКЧ Синдикат на работниците од текстилната,кожарската и чевларската индустрија на Република Македонија- 147

Кога зборуваме за бројот  на обраќања по поодделни правни  основи како и досега најбројни се обраќањата по основ на  неисплатени плати, надоместоци и  неуплатени придонеси од плата– 668 обраќања.

Потоа следуваат обраќањата во врска со:

  • права во стечајна постапка – 223  обраќања,
  • синдикални права - 114 обраќања
  • право на годишен одмор и регрес за годишен одмор -  77обраќања,
  • прекувремена работа  - 46 обраќања.

Во текот на шесте месеци од 2015 година   преземени се следните правни дејствија:

Поднесени 39 тужбени барање, водени се 18  расправи, и добиени се 10 пресуди.

Во рамките на превентивното делување за заштита на работничките права дадени се 1018 совети, изготвени се 124 барање, 57 приговори и евидентирани се 2 спогодбено остварени права.

Како и во изминатиот период  така и оваа година ССМ ги следеше измените на законите од работно– правната област и активно учествуваше во постапката за нивно донесување со свои забелешки, мислења и предлози во насока на заштита и унапредување на работничките права.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc