Продолжена соработката на синдикатите здружени во ССМ и ССМ со Хак-Иш
11.9.2015
Синдикатот на работниците од локалната самоуправа и јавни служби на Р. Турција ХИЗМЕТ- ИШ подолго време имаат воспоставено соработка со Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Р. Македонија (УПОЗ) кој е синдикат здружен во ССМ. Соработката со УПОЗ со ХИЗМЕТ- ИШ и ССМ датира уште од 2008 година. Во рамките на ваквата соработка, синдикатот на ХИЗМЕТ- ИШ одржа седница на Совет а имаше повеќе билатерални средби со раководството на УПОЗ и ССМ.
Предмет на разговорете беа особеностите на синдикатите во рамките на глобалната економска криза и поставеноста на синдикатите и беа разменет повеќе искуства од оваа сфера.
На ден 11.9.2015 година, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на синдикати од Република Турција, ХАК- ИШ воедно и претседател на Синдикатот на работниците од локалната самоуправа и јавните служби на Р. Турција, ХИЗМЕТ- ИШ, Махмуд Арслан, потпишаа и договор за натамошна соработка во рамките на остварувањето на заедничките синдикални средби.