ОДРЖАНИ 20ТЕ ЈУБИЛЕЈНИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ
4.9.2015
Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) како најмасовна организација на пензионери во Република Македонија, традиционално како и секоја година во духот на развивање на спортските активности на пензионерите ги одржа своите 20те јубилејни пензионерски спортски натпревари.
На овие јубилејни пензионерски спортски натпревари традиционално беше поканет и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, што претставува уште еднаш потврда на заедничките активности кои во еден континуитет ги реализираат ССМ и СЗПМ.
Овие јубилејни пензиски спортски натпревари ги отвори претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски, а на отворањето присуствуваа и свое обраќање имаа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски. Исто така, на овој значаен настан присуствуваше и директорот на Фондот на ПИОМ, Амет Даути.
Во своето обраќање, претседателот на СЗПМ, Драги Аргировски посебно укажа на активностите во делот на поттикнување на спортскиот дух на пензионерите во третата доба и активностите во изминатиот период.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов посебно ги потенцираше активностите на Владата на РМ и Министерството за труд и социјална политика во делот на подобрување на стандардот на пензионерите и реализација на банските лекувања, како и можностите во делот на зголемување на пензиите.
Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски во разговорите со присутните учесници и со раководството на СЗПМ посебно го потенцираше значењето и соработката, потпишаниот Меморандум, заедничките активности во делот на функционирањето на пензиските системи, регулативата поврзана со истите како и останати активности во делот на подобрување на социо- економската положба на пензионерите, граѓаните и работниците во РМ.