ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

28.8.2015

Почитувани,
Со особено задоволство, од името на Сојузот на синдикатите на Македонија и од мое лично име Ви го честитам 28 август – Денот на рударите. Ова е Ден кога рударите достоинствено слават за напорите, храброста и победата над безбројните неизвесности кои секојдневно ги носи оваа тешка професија.

Сојузот на синдикатите на Македонија искажува солидарност и им дава огромна поддршка на рударите во нивната заложба, пред сé, да работат во безбедни и здрави услови, кои нема да претставуваат ризик и да го загрозуваат нивното здравје и живот. Нивниот труд да биде наградуван со плати со кои ќе си овозможат соодветен животен стандард за себе и своите семејства, за бенефиции кои ги заслужуваат со нивната пожртвуваност во извршувањето на работните обврски.

Остварувањето и унапредувањето на уставно загарантираните права од работа на рударите претставува и натаму стратешки приоритет за Сојузот на синдикатите на Македонија, со желба и надеж рударите со своите знаења и вештини да триумфираат над секојдневните предизвици со кои се соочуваат при работата.

Со почит,

Сојуз на синдикатите на Македонија
Претседател
д-р  Живко Митревски

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc