ПРОДОЛЖУВА ФОРМИРАЊЕТО НА ЛОКАЛНИ ЕКОНОМСКО- СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ (ЛЕСС) ФОРМИРАН ЛЕСС ВЕЛЕС

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.8.2015

Слика 1. Формирање на ЛЕСС ВелесСлика 1. Формирање на ЛЕСС Велес

Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, со реализација на Меѓународната Организација на трудот (МОТ), денес во Велес беше потпишана Спогодба за формирање на ЛЕСС од страна на социјалните партнери и градоначалникот на Општина Велес.

Слика 2. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС ВелесСлика 2. Потпишување на Спогодбата за формирање на ЛЕСС Велес

Потписници на спогодбата се градоначалникот на Општина Велес, г. Славчо Чадиев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Благоја Ралповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, г. Миле Бошков.

Спогодбата претставува основа за институционален развој на социјалниот дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво, како и помеѓу јавниот и приватниот сектор, особено меѓу системот за образование и за поддршка при вработување од една страна и работодавачите од друга страна; воспоставување и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем; вклучување на младите во регионалниот дијалог преку нивно учество во ЛЕСС; размена на мислења и информации; покренување на заеднички иницијативи; учество во креирање на законски решенија кои влијаат на материјална и социјалната положба на вработените, невработените, стечајните работници и работници технолошки вишок, пензионерите, младите, жените и др.; развивање на колективното договарање, преговарање и склучување на ниво на претпријатијата и установите; следење на состојбата со вработеноста и предлагање на мерки за поттикнување на вработувањето и усогласување на образовниот процес со потребите на пазарот на труд и сл.

Во ЛЕСС Велес ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на Општина Велес, средните училишта во Општина Велес, Технолошко- техничкиот факултет од Велес, Регионалната занаетчиска комора, Регионалната стопанска комора – Велес, Советот на млади на Општина Велес, како и од невладините организации и здруженија на граѓани, a покрај останатото, ЛЕСС Велес ќе помогне во подигнување на еколошката свест на територија на Општина Велес.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc