РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ И СИНДИКАТОТ ЗА ШУМАРСТВО ВО СИНДИКАЛНАТА ПОДРУЖНИЦА ПРИ ЛЕШНИЦА ТЕТОВО
20.8.2015
Слика бр.1. Претседателот д-р Митревски со претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски со претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт Златевски
Спроведувањето на колективниот договор, непосредниот увид, безбедност и здравје на вработените, беа централната тема на работната посета на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), д-р Живко Митревски и на претставникот на менаџментот на ЈП Македонски Шуми, Маријан Стојановски, во подружницата при Лешница- Тетово.
Покрај останатото во рамките на работната посета беше извршен и непосреден увид на теренот во Љуботен и сечиштата околу Љуботен, со цел претседателот, д-р Митревски и претставникот од менаџментот на ЈП Македонски Шуми, непосредно да се запознаат со примената на К.Д. и условите за безбедност и здравје при работа.
Од страна на претседателот на подружницата при Лешница- Тетово, Роберт Златевски и членовите на извршниот одбор на оваа С.О., кои воедно имаат и прием на 33 нови членови во Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), беше укажано за активностите кој се вршат во самата подружница, како и на недостатоците со кој се соочуваат вработените на терен.
20-08-2015-img2
Оваа работна посета е во рамките на работни посети на претседателот на ССМ и СШДЕ, д-р Живко Митревски, со цел да се изврши подобар увид на терен, со што подобро би се запознал со повеќе прашања од работата и спроведувањето на К.Д.