РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЕДУКАТИВНИОТ КОНЦЕПТ - ОБУКА НА СИНДИКАЛНИ ЛИДЕРИ ЗА ПОДОБРА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА К.Д ВО ШУМАРСТВОТО-
19.8.2015
Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на РМ (СШДЕ), во рамките на спроведувањето на програмата за обука на Синдикални лидери, во соработка со BWI, на 19.8.2015 г., одржа заеднички состанок со менаџментот на ЈП Македонски Шуми, на кој присуствуваа и претседателот на СШДЕ, д-р Живко Митревски, како и генералниот директор на ЈП Македонски Шуми, г-дин Жарко Караџовски.
Централно место на состанокот имаше еваулацијата на спроведувањето на К.Д за работниците од шумарството, како и спроведувањето на потпишаната спогодба меѓу СШДЕ и ЈП Македонски Шуми, потпишана на ден 08.04.2015, која се однесуваше за реализација на повеќе прашања од К.Д поврзани со исплатата на повеќе надоместоци и додатоци.
Од стана на претседателот на СШДЕ, д-р Живко Митревски и генералниот директор на ЈП Македонски Шуми, г-дин Жарко Караџовски, беше укажано на потребата на синдикалните лидери, уште еднаш активно да се вклучат во спроведувањето на К.Д и потпишаната спогодба, да го подобрат начинот на информирање и консултирање со членството на СШДЕ, како би можеле заеднички и синдикатот и менаџментот на ЈП Македонски Шуми да ги реализираат меѓусебните права и обврски.