РАБОТНА ПОСЕТА ВО СВ. НИКОЛЕ
9.6.2015
Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски и секретарот на ССМ, Анѓелко Анѓелковски, на 9.6.2015 година остварија работна посета во синдикалната канцеларија во Св. Николе, каде што со координаторот на канцеларијата, Јанка Јованова разговараа за состојбата околу синдикалното организирање и активностите на синдикалните организации членови во гранските синдикати на ССМ како и по повеќе актуелни прашања кои се спроведуваат во рамките на програмата на ССМ.
Посебен акцент беше ставен на организирање и мобилизирање на нови членови и за актуелната состојба во АД „МОДА“ – Св. Николе.