ПРЕГОВОРИ СО ОРМ ЗА ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТЕН СЕКТОР
8.6.2015
На 8.6.2015 година Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија ги отпочнаа разговорите за измени и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во делот на утврдување модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор.
Од страна на социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот и висината на исплатата на регресот за годишен одмор врз основа на анализата која ја презентираа социјалните партнери.