ПРОДОЛЖУВААТ РАЗГОВОРИТЕ ОКОЛУ ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊА НА ОКД ЗА ПРИВАТНИОТ СЕКТОР ОД ОБЛАСТА НА СТОПАНСТВОТО

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

15.6.2015

Слика 1. Претставници од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешните преговориСлика 1. Претставници од ССМ и ОРМ, предводени од претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и претседателот на ОРМ, Ангел Димитров на денешните преговори

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија продолжија разговорите помеѓу Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи на РМ по однос на измените и дополнувањата на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, вклучително и за регресот за годишен одмор.

Партнерите констатираа дека правото на регрес за годишен одмор останува за работниците од приватниот сектор во Република Македонија со тоа што истото би било поврзано со членување во синдикат, а во одредени случаи би се утврдила и можноста при исплатата да се земе во предвид економско - финансиската состојба на работодавачот за што задолжително се прави посебен договор со синдикатот на ниво на работодавач по претходна согласност од синдикатот на повисоко гранско ниво, односно дејност.

На средбата договорено е формирање на работна група која е должна да го утврди точниот текст на измените и дополнувањата.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc