ОСТВАРЕНА СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗОТ НА СИНДИКАТИТЕ НА АЛБАНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

15.5.2015

Слика 1. Работна средба на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски со претседателот на Сојузот на синдикатите на Албанија (KSSH), Кол Николај и претседателот  на Здружението на пензионери на Македонија, Драги АргировскиСлика 1. Работна средба на претседателот на ССМ д-р Живко Митревски со претседателот на Сојузот на синдикатите на Албанија (KSSH), Кол Николај и претседателот на Здружението на пензионери на Македонија, Драги Аргировски

Во рамките на посета која се реализира во Сојуз на здружението на пензионери на Р. Македонија, претседател Драги Аргировски и претседателот Кол Николај Сојузот на синдикати на Албанија (KSSH) беше остварена и работна средба со претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски.

На оваа средба претседателите разговара за повеќе значајни теми во однос на законите кои се однесуваат на работниците и пензионерите. Разговорите беа во насока на изнаоѓање на начини на подобрување на положбата на работниците и пензионерите.

На крајот на средбата беа договорени идни соработки за организирање на средби за размена на искуства помеѓу синдикатите како и промовирање на најдобри практики кои би придонеле за јакнење на позицијата на синдикатите и поголема заштита во остварување на правата на работниците и пензионерите.

Истовремено, синдикатите и здруженијата на пензионерите на Македонија и Албанија укажаа на значењето на почитување на демократијата, соживотот, мултиетничката, социјалната и верската припадност, како основа за општествен напредок и услов на двете држави за прием во Европа и вклучување во останатите Евроатлански интеграции.

Слика 2. Драги Аргировски, Кол Николај и д-р Живко Митревски (од лево)Слика 2. Драги Аргировски, Кол Николај и д-р Живко Митревски (од лево)

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc