ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТРУДОТ, 1-ВИ МАЈ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

1.5.2015

Слика 1. Денешниот марш на солидарностаСлика 1. Денешниот марш на солидарноста

Денес Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) го одбележаа Меѓународниот ден на трудот, 1-ви Мај.

Слика 2. ССМ и КСС на заедничкиот Марш на солидарностаСлика 2. ССМ и КСС на заедничкиот Марш на солидарноста

Марширајќи солидарно синдикатите и членството на ССМ и КСС преку банери, транспаренти, знамиња и соодветни обележја на ССМ и КСС, ги истакнаа пораките од првомајскиот манифест:

  • Колективни договори за сите;
  • За сигурни работни места, работен однос на неопределено време;
  • Сигурни плати за сите работници;

Учесниците на маршот тргнаа од платото пред зградата на ССМ во правец покрај Собранието на Р. Македонија, Триумфалната капија и плоштадот „Македонија“, каде што беа дочекани од голем број на граѓани кои ја изразија поддршката кон одбележувањето на 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

Слика 3. Читање на Првомајскиот Манифест пред медиумитеСлика 3. Читање на Првомајскиот Манифест пред медиумите

На плоштадот „Македонија“ претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски и ВД претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), Благоја Ралповски го прочитаа првомајскиот манифест:

„Први мај, меѓународниот ден на трудот е ден кога уште еднаш се потсетуваме на историската борба на работниците за подобри работнички права и посигурна и подобра социјална и економска положба за нив и нивните семејства.

Ваквата борба станува се повеќе и повеќе актуелна во услови на се уште поприсутната светска, економска, финансиска и должничка криза. Тоа е предизвик за сите чинители во општеството во целина, а посебно за нас синдикатите кои што како никогаш порано се исправени пред потребата да настапат единствено, солидарно, со заедничка доверба како носители на гласот на работникот но и на граѓанинот.

Како претставници на работниците, марширајќи солидарно на овој ден бараме понатамошно подобрување на социјалната и материјалната положба на работниците и граѓаните во РМ, доследно почитување и примена на работничките права на сите нивоа, бараме елиминирање на опасноста од нееднаквост на работниците, елиминирање на разликите и третманот на работниците во приватниот и јавниот сектор. Бараме и анализа на законите кои предизвикуваат грижа и нерамноправен третман на работниците во приватниот сектор и државната администрација. Бараме натамошно унапредување на социјалниот дијалог и вклученост на синдикатите при подготовка на сите закони за работниците во приватниот и јавниот сектор, безбедни и здрави услови за работа, бараме што побрзо разрешување на сите економски, социјални и политички кризи како би овозможиле мир и спокоен живот на работниците и граѓаните во РМ.

Слика 4. Изјава за медиумиСлика 4. Изјава за медиумиОваа година чествувајќи го 1-ви Мај, здружени сите синдикати учесници во синдикалното движење во РМ, марширајќи солидарно посебно ќе се фокусираме и бараме од надлежните социјални партнери:

  • Потпишување на колективни договори на сите нивоа, како во малите и средни претпријатија, така и во големите, како во приватните фирми, така и во приватниот сектор, како за работниците со сите права, така и за вработените во јавниот сектор и администрацијата;
  • Бараме обезбедување на сигурни работни места, обезбедување на траен работен однос, работен однос на неопределено работно време како предуслов за мирен и спокоен живот на работниците и нивните семејства;
  • Бараме обезбедување на сигурни плати за сите работници, плати кои ќе обезбедат пристоен живот за работниците и нивните семејства. Во оваа смисла ќе настојуваме да обезбедиме и имплементираме протокол за социјален напредок.

Поаѓајќи од нашите активности за обезбедување на социјална правда, натамошни вработувања, социјална инклузија, еднаквост, рамноправност, солидарност, политичка, етничка, верска и национална толеранција, економски раст и раст на работничките права, на сите работници и граѓани на РМ им го честитам 1-ви Мај, меѓународниот ден на трудот“.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc