ТРКАЛЕЗНА МАСА - ДАНОЧНА ПОЛИТИКА, НЕФОРМАЛНА ЕКОНОМИЈА И КОРУПЦИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

30.4.2015
Денес, во х. „Арка“ во Скопје, се одржа Тркалезна маса што заеднички ја организираа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), во рамките на Проектот ,,Даночна политика, неформална економија и корупција во земјите од Западен Балкан“, што се реализира од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати (МКС) и Пан европскиот регионален совет (ПЕРК) и Норвешката конфедерација на синдикати (ЛО), каде беа презентирани извештаи за даночната политика и неформалната економија во земјите од Западен Балкан, кои се резултат на двогодишното спроведување на овој проект.

Слика1: Претседателот на ССМ, д-р Митревски на настанотСлика1: Претседателот на ССМ, д-р Митревски на настанот

Овој Проект претставува можност да се споделат искуствата со земјите од регионот и да се запознаат со мерките и активностите кои се преземаат од страна на Владите во борбата против неформалната економија и корупција и начинот на вклучувањето на синдикатите во борбата против овие зла.

Слика 2: Учесници на тркалезната масаСлика 2: Учесници на тркалезната маса

На тркалезната маса од страна на ЕУ експертот за даночни  политики Мартин Хутсебаут беше презентиран Извештајот за даночните и буџетски политики  во ЕУ и земјите од Западен Балкан, Биљана Чкламовска од Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ), ги презентираше состојбите со неформалната економија во Р. Македонија, претставникот од Асоцијацијата за демократски иницијативи, Моника Велјаноска го презентираше „Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија- 2014г“, а претставникот од МТСП Младен Фрчковски ги презентираше мерките што се преземаат од страна на Владата за намалување на неформалната економија.

На настанот свое обраќање имаше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски, кој ја истакна потребата од издигање на овој проблем на повисоко ниво и  потребата од сеопфатна заедничка активност на  сите социјални партнери во државата вклучувајќи ги и синдикатите за канализирање и вклучување на оваа економија во севкупните формални економски активности на државата.

На крајот се донесе заклучок дека синдикатите и понатаму ќе продолжат заеднички да работат за ублажување и намалување на неформалната економија во Р. Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc