ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 28.4.2015

28-04-2015-img1

Денес 28.4.2015 година, Секцијата на млади од Сојузот на синдикатите на Македонија (СМССМ), присуствуваше на свеченото одбележување на Светскиот ден за заштита при работа 28ми април, кој беше организиран од страна на Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), во Даут- пашиниот амам во Старата скопска чаршија.

Слика 1: Претседателот на СМССМ, м-р Лидија Насковска со членовите на Извршниот одбор на СМССМСлика 1: Претседателот на СМССМ, м-р Лидија Насковска со членовите на Извршниот одбор на СМССМ

Меѓународната организација на трудот секоја година одредува различна тема на одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април, така оваа година темата е „Вклучи се во градење култура за превенција за БЗР“.

На настанот свое видео обраќање за значењето на овој ден и културата за превенција за БЗР, имаше и претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија,  д-р Живко Митревски.
Покрај останатите обраќања на настанот беше прочитани статистички податоци од „Годишниот извештај за несреќи при работа за 2014 година“, кој секоја година се подготвува од страна на МЗЗПР, како и на настанот беа доделена Националните награди за добра пракса на безбедност и здравје при работа за мали средни и големи претпријатија.

Трипартитното национално вклучување и обврзување и националните акции се клучни во применувањето на трајни подобрувања во безбедноста и здравјето при работа, па така оваа година за соработката во сферата на БЗР, на социјалните партнери им беа доделени благодарници. Од Сојузот на синдикатите на Македонија благодарници доби Иван Пешевски од Синдикатот на работниците од градежништво, индустрија и проектирање на Македонија (СГИП), кој е воедно и член во Извршниот одбор на Секцијата на млади во ССМ.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc