ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕМОРАНДУМ ЗА РАЗБИРАЊЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНАТА ПРОГРАМА ЗА ПРИСТОЈНА РАБОТА 2015-2018 г.

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

26.3.2015

Слика1:  Обраќање на претседателот на ССМ, д-р Живко МитревскиСлика1: Обраќање на претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски

На 26.03.2015 година во Клубот на пратениците се потпиша Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа 2015-2018 година.

Меморандумот го потпишаа министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов; директорот на МОТ за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози; националниот координатор на МОТ за Македонија, Емил Крстановски; Претседателот на Сојузот на синдикатите, д-р Живко Митревски; Претседателот на Организација на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров; Претседателот на Унија на независни и автономни  синдикати на Македонија, Слободан Антовски и Претседателот на Бизнис конфедерација на Македонија, Миле Бошков.

Во наредните 4 години Владата на РМ, синдикатите, организациите на работодавачи и Меѓународната организација на трудот (МОТ), заеднички ќе ја спроведат Националната програма за пристојна работа.

Слика 2: Социјалните партнери на заедничката средба „лице во лице“ со претставниците на МОТСлика 2: Социјалните партнери на заедничката средба „лице во лице“ со претставниците на МОТ

Со оваа програма се промовира пристојната работа како клучна компонента на развојните политики и како цел на националната политика на владите и социјалните партнери. Националната програма за пристојна работа (НППР) претставува среднорочна рамка за планирање што ги дава насоките за работата на МОТ во определена земја, во согласност со приоритетите и целите што се договорени со нејзините трипартитни конституенти.

НППР, нејзините приоритети и цели се договорени по сеопфатниот процес на трипартитните консултации со конституентите на МОТ во земјава. Утврдените стратешки приоритети и резултатите ќе се реализираат во периодот 2015-2018 преку заеднички активности на Владата и социјалните партнери од една страна и МОТ, од друга.

Во рамките на сеопфатната тема за „Пристојна работа за сите“, Националната програма за пристојна работа ќе се концентрира на три национални програмски приоритети во периодот 2015-2018 година, а тоа се:

  1. Инклузивен раст проследен со отворање нови работни места и оддржливи претпријатија;
  2. Ефективен социјален дијалог;
  3. Формализирање на неформалната економија;

На средбата свое обраќање за значењето на Националната програма за пристојна работа и Пактот за пристојна работа имаше и претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски кој истакна дека:

„Денешното потпишување на Меморандум за разбирање за имплементација на Националната програма за пристојна работа 2015-2018 година е од големо значење. Република Македонија го продолжува континуитетот на реализација на концептот за пристојна работа, што е посебно значајно во услови на економска, светска, должничка и финансиска криза и од друга страна што потпишувањето на денешниот документ ќе значи понатамошен предизвик за социјалните партнери во реализација на основните цели на концептот за пристојна работа.

Концептот за пристојна работа за Сојузот на синдикатите на Македонија и за работниците го гледаме од аспект и во насока на искоренување на сиромаштијата, од аспект на елиминирање на се поприсутната нееднаквост помеѓу населението и создавање на еден предуслов за правичен, одржлив и инклузивен развој на заедницата.

Во основата на концептот за пристојна работа е втемелена идејата дека работата и трудот се услов за лично достоинство на самиот граѓанин, работникот а истовремено и на семејната стабилност на заедницата, а сето тоа е предуслов за демократија. Сето ова го поврзуваме со степенот на демократичност на односите на нашето општество како и основата за просперитетот за нашата држава.

Со потпишувањето на овој меморандум, ќе настојуваме да оствариме повеќе цели, формирањето на нови и продуктивни работни места, подобрување на пазарот на трудот, која тема владата ја стави на врвот на приоритетите од својата агенда, а ние како синдикати ја поддржуваме и сметаме дека со новите мерки ќе се реализираат и правата на работниците од повозрасната категорија, вклучувајќи ја можноста за решавање на проблемот на дел од стечајните работници. Во делот на гарантирањето на правата од работен однос од целите на концептот за пристојна работа, посебно ќе се фокусираме и со останатите партнери во делот на правото за синдикално организирање на огромна група на работници кои работат во индустриските зони, кои не се синдикално организирани и се соочуваат со одредени егзистенционални проблеми или со непримена на соодветни делови од работното законодавство. Во овој дел нашиот акцент ќе биде ставен на трансформација на огромен дел работни места кои се на определено работно време во работен однос на неопределено работно време. Тоа е суштина на концептот на пристојна работа, обезбедување на достоен живот на таквите работници и елиминирање на огромен дел на работници кои се соочуваат со несигурни работни места.

Во делот на обезбедување промоцијата на социјалната заштита за сите работници, сите оние активни мерки и политики кои ги спроведува Владата, ние како и сите социјални партнери ќе допринесеме овие мерки да бидат реализирани во целост.

Како краен сегмент од новитетите кој беа споменати, ќе биде преминот од неформална во формална економија, што за нас синдикатите ќе значи обезбедување на дополнителна егзистенција и обезбедување на сигурни работни места за тие работници кои моментално работат во делот на неформалната економија и обезбедување на достојна плата.

Во рамките на концептот за пристојна работа посебно ќе се залагаме за натамошна имплементација на социјалниот дијалог на сите нивоа, вклучувајќи го и процесот на потпишување на колективни договори во оние делови каде не се потпишани. Секако посебен акцент ќе ставиме и на родовата еднаквост.

Сметам дека социјалните партнери во Р. Македонија со помош сите други релевантни фактори во земјата, МОТ и ООН ќе имаат капацитет, моќ и заедничка стратегија да го реализираме овој концепт за пристојна работа во текот на наредните 3 години.“

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc