ПРОДОЛЖУВААТ АКТИВНОСТИТЕ НА СИЕР И ССМ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СТАТУСОТ НА АД ЕМО- ОХРИД И НА ВРАБОТЕНИТЕ
27.2.2015
На ден 27.2.2015 година, претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија- СИЕР, Пеце Ристевски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија- ССМ, д-р Живко Митревски, заедно со претставниците на Извршниот Одбор на АД ЕМО- Охрид, имаа работен состанок во Министерството за економија со министерот Беким Незири.
На работниот состанок уште еднаш беше разгледан проблемот на состојбата на актуелната состојба АД ЕМО, Охрид, со статусот на вработените, неисплатените плати и заостатокот во неплаќањето на придонесите.
Од страна на СИЕР и ССМ беше побарано итно започнување на постапка околу разрешување на проблемите. Анализирајќи ги активностите во врска со АД ЕМО- Охрид и од страна на Министерството за економија и Владата на Р. Македонија, беше ветено дека проблемот ќе биде поставен на првата седница на Влада, на која ќе се расправа за актуелната состојба во АД ЕМО, со тоа што од страна на синдикатот беше наметнато прашањето и за Еурокомпозит, Прилеп.