СВЕТСКИ ДЕН НА СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

20.02.2015
Сојузот на синдикатите на Македонија посебно е фокусиран на делот на одбележување на социјалната правда. ССМ и натаму ќе продолжи посветено и одговорно да се залага за почитување и унапредување на правата од работен однос преку подобрување на работното законодавство и законската регулатива согласно меѓународните стандарди на трудот, преку зајакнување на социјалниот дијалог, колективното преговарање и договарање, преку почитување на правото на штрајк со сите слободи и права, преку примената и зголемувањето на минималната плата, намалување на бројот на невработените, сузбивање на сиромаштијата, обезбедување на материјално- социјална заштита и сигурност на работниците и граѓаните на Република Македонија.

Тоа го покажавме и докажавме со низа конкретни чекори од историското воведување на минималната плата, запирањето на падот на работничките права, грижа за работните места, избегнати опасностите од масовни отпуштања, зголемувањето на платите и минималната плата, грижа за возрасната граница на пензискиот стаж, донесувањето на Законот за мобинг, Законот за безбедност и здравје при работа, потпишување на нови колективни договори, регрес за годишен одмор и низа други активности.

Сојузот на синдикатите на Македонија најконкретно е посветен на заштита на правата на работниците како колективно така и индивидуално во приватниот и јавниот сектор во Република Македонија. ССМ и понатаму ќе  ги продолжи своите стратешки активности во насока на достоинствено промовирање на социјалната правда, елиминирање на нееднаквоста, отворање на борба против сиромаштијата и подобрување на социјално и економската сигурност на граѓаните и на работниците во Република Македонија.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc