ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

10.2.2015

Слика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и генералниот секретар на Црвен Крст на Р. Македонија, д-р Саит Саити на прес-конференцијатаСлика 1. Претседателот на ССМ, д-р Живко Митревски и генералниот секретар на Црвен Крст на Р. Македонија, д-р Саит Саити на прес-конференцијата

На седницата на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија која се одржа на 9.2.2015 година и на денешната седница на Советот на ССМ, беше донесена одлука да се донираат средства за помош на настраданото население од поплавените подрачја во Македонија.

За оваа одлука беше известено на денешната прес- конференција која се одржа пред зградата на ССМ и на која присуствуваа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски, повеќе претседатели на гранки и членови од Советот на ССМ како и генералниот секретар на Црвен Крст на Р. Македонија, д-р Саит Саити.

На прес-конференцијата претседателот д-р Митревски истакна дека помошта од страна на ССМ ќе биде во вид на пакети со прехранбени продукти, хигиенски материјали и пакети со вода, но како основна помош ќе бидат парични средства кои ќе бидат уплатени од сметката на ССМ и гранските синдикати на сметката на Црвниот крст на Р. Македонија.

На крајот на прес-конференцијата, претседателот д-р Митревски апелираше до сите институции во зависност од нивните можности да се приклучат кон акцијата на Црвениот крст за да се помогне на настраданите од поплавите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc