РАБОТНА ПОСЕТА НА РАКОВОДСТВОТО НА ССМ ВО ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА НА ПЕЛАГОНИЈА

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

5.2.2015

Слика 1. Претседателите на ССМ и ССЕСМ на теренСлика 1. Претседателите на ССМ и ССЕСМ на терен

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), д-р Живко Митревски, потпретседателот за организациски развој, воедно претседател на Самостојниот синдикат на работниците од енергетика и стопанство на Македонија (ССЕСМ), Роберт Симоновски и секретарот на Советот на ССМ и претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија (СТКЧ), Анѓелко Анѓелковски, имаа работна посета на поплавените подрачја од Преспанскиот регион.

Во рамките на посетата беа посетени најпогодените подрачја во атерот на општините Могила и Новаци.

Посебен интерес беше пројавен за активностите и условите за работа на вработените од ЗК „Пелагонија“- Битола, чии што површини се едни од најпогодените од оваа климатска непогода. Посетата беше и фокусирана на начинот за реализација на новите работни обврски на вработените во овој најголем земјоделски комбинат и за безбедносните услови со кој се соочуваат вработените во оваа ново настаната состојба.

Слика 2. Раководството на ССМ во обиколка на поплавените подрачјаСлика 2. Раководството на ССМ во обиколка на поплавените подрачја

Од страна на раководството на ССМ беше потенцирано дека проблемите и последиците со кои се соочуваат работниците и граѓаните од овие подрачја ќе бидат пренесени на највисоко ниво на ССМ, и дека ќе бидат преземени соодветни чекори за помош на настраданите.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc