РАБОТНА СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССМ СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА И СИНДИКАЛНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА АД „ЕМО“- ОХРИД

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

12.12.2014
 
Слика 1. Претседателот д-р Митревски со претседателот на СИЕР и со синдикалните претставници од  АД „ЕМО“- ОхридСлика 1. Претседателот д-р Митревски со претседателот на СИЕР и со синдикалните претставници од АД „ЕМО“- Охрид

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, д-р Живко Митревски  претседателот на Синдикатот за индустрија и енергетика на Р. Македонија, Пеце Ристевски со дел од синдикалното раководство од повеќето организации и делови од АД „ЕМО“- Охрид, имаа работна средба со министерот за економија од Владата на Р. Македонија, Беким Незири.

Средбата се одржа во просториите на Министерството за економија по иницијатива од страна на синдикалните организации во рамките на акционерското друштвото, околу разрешување на проблемот со исплата на платите и придонесите на околу 185 вработени.

На средбата беше договорено да се направи детална анализа во работењето на друштвото, да се утврдат најновите понуди за стратешки партнер и за проблемот да се донесат соодветни заклучоци од стрaна на Владата за кои ќе бидат информирани синдикатите во рок од 10 дена.

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc