СЕДНИЦА НА СИНДИКАТОТ НА ДРВНА ИНДУСТРИЈА И ЕНЕРГЕТИКА НА Р МАКЕДОНИЈА
16.12.2014
На 16.12.2014-та година, Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија - СШДЕ одржа состанок со претседателите на синдикалните организации и менаџментот на ЈП „Македонски шуми“.
Во своето обраќање пред претседателите на синдикалните организации и членовите на претседателството, претседателот д-р Митревски, ги запозна присутните со новите измени на Законот за безбедност и здравје при работа, со кој се утврдуваат далеку значајни позиции на синдикатот во примена на одредбите за БЗР.
Истовремено претставниците ги информираше за активностите на синдикатот, одржаната седница на Управен Одбор на ЈП „Македонски Шуми“ , и прифаќањето на барањата за промена на ХТЗ опрема, која ќе биде реализирана согласно планот за јавна набавка. На последната Седница на Управниот одбор на барање на синдикатот беше разгледувана и анализата за утврдување на коефициентите и бодот за утврдување на платите во повеќе подружници (Тетово, Виница и др.)
Членовите на синдикатот беа информирани и за тековните активности на синдикатот како и за приемот на Синдикатот на работниците од шумарството, дрвната индустрија и енергетика на Република Македонија- СШДЕ како членки во Европската федерација за градежништво и дрвна индустрија- EFBWW каде ќе ја претставуваат Република Македонија под уставното име пред синдикатите од земјите членки на ЕУ.
Од страна на генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, синдикалците беа информирани за новите активности на јавното претпријатие, кој во контекст на измените на Законот за шуми и кривичниот Законик предвидуваат голем број на новини, особено во шумо- чуварската служба, начинот на продажба на огревно и тековно дрво, реализација на средствата и дотурот, зајакнатата контрола и казнена политика во врска со шумските кражби, следењето на излезот и влезот на дрвната маса и др. новини значајни за работењето на претпријатието.
На состанокот заеднички беше укажано на промените кои ќе следат во врска со усогласувањето на Законот за државна администрација и влијанието на законот врз решенијата за вработените во ЈП „Македонски шуми“.
На крајот од состанокот беше дефиниран општиот заклучок дека, социјалниот дијалог треба да се негува на високо ниво и да се елиминираат сите конфликти, тужби и постапки и останати дејствија во контекст на обезбедување на подобра материјална и социјална сигурност за вработените од ЈП „Македонски шуми“.
Општа е констатацијата дека транспарентноста и размената на информации и нивното проследување до сите вработени ќе овозможи и обезбеди поголемо разбирање за реформите и активностите во претпријатието.