ПРЕС- КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ВРСКА СО ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ЗА ХОНОРАРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Внимание, се отвора во нов прозорец. PDFПечатиЕ-пошта

 

17.12.2014

Слика 1. Претседателот на СТКЧ, Анѓелко Анѓелковски и претседателот на СРСВМ, Методија Димевски на прес- конференцијатаСлика 1. Претседателот на СТКЧ, Анѓелко Анѓелковски и претседателот на СРСВМ, Методија Димевски на прес- конференцијата

Денес во просториите на Сојузот на синдикатите на Македонија се одржа прес- конференција во врска со законските измени што се однесуваат на плаќањето придонеси за хонорарните работници. На прес- конференцијата свое обраќање имаше Анѓелко Анѓелковски, Секретар на ССМ, а воедно и претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ) и Методија Димевски, претседател на Синдикатот за сообраќај и врски на РМ (СРСВМ).

На прес- конференцијата синдикатите ги подржаа законските измени кој се однесуват за хонорарните работници.

- „Сојузот на синдикати на Македонија ги поддржува сите измени кои водат кон тоа на работниците да им биде изрегулиран работниот однос, на начин кој што ги предвидуваат законите, а тоа значи, да бидат пријавени, да ги остваруваат своите социјални и економски права низ законска регулатива и нивниот труд да биде валоризиран. Оваа измена со сигурност ќе помогне и во намалувањето на сивата економија во делот на пријавениот и непријавениот труд “, истакна Анѓелко Анѓелковски, Секретар на ССМ а воедно и претседател на Синдикатот на работниците од текстилната, кожарската и чевларската индустрија на РМ (СТКЧ).

ILO Employment, Social Affairs and Equal Opportunities - EU FRIEDRICH EBERT STIFTUNG Организацијa на работодавачи на Македонија etuc