ТВИНИНГ ПРОЕКТ ФИНАНСИРАН ОД ЕУ: -ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА АКТИВНИТЕ МЕРКИ И УСЛУГИ НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ-
30.10.2014
На 30-ти октомври 2014 година, во центарот за вработување на Битола , претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, присуствуваше на презентирање на проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на агенцијата за вработување за спроведување на активните мерки и услуги на пазарот на трудот“.
Настанот го отвори постојаниот твининг советник Аксел Биргер кој го образложи проектот и ги запозна присутните со временската рамка на имплементација на проектот.
Претседателот д-р Митревски го истакна значењето на овој проект, посебно на регионално ниво. Исто така во својот говор, тој го истакна и значењето на социјалното партнерство, особено на локално ниво како важен фактор во креирањето на активните мерки и услуги на пазарот на трудот.
Воедно претседателот ја искажа својата благодарност до Европската комисија во поттикнување и збогатување на капацитетите на партнерите во спроведување на политиките за вработување.
Проектот се спроведува во повеќе општини во Р. Македонија меѓу кои и општина Битола, а покрај социјалните партнери вклучени се други субјекти кои се значајни во креирањето на политиките за вработување на локално ниво.